ПОВЕЌЕ

    АМЕРИКАНСКИОТ ДАНОЧЕН СИСТЕМ Е НАСОЧЕН КОН СТИМУЛИРАЊЕ НА ЛУЃЕТО ДА КРЕИРААТ БИЗНИСИ – Петар Тодоровски во New Biz PODCAST

    Време зa читање: 6 минути

    Основањето компанија во САД од далечина од матичната земја долго време е практика на многу претприемачи од Балканот. Сепак, постапката зад неа може да стане малку незгодна, и секогаш има потреба од услуги кои можат да го поедностават овој процес.

    Порано беше неопходно да се надминат многу правни предизвици и чекори за да може една компанија успешно да се регистрира во САД, но денес постојат одредени дигитални услуги кои многу го олеснуваат процесот и директно се насочуваат кон самиот претприемач. Во оваа епизода на New Biz Podcast Наташа Велковска разговара со Петар Тодоровски основачот на Neubase, компанија која е специјализирана за основање ДОО во САД за нерезиденти.

    За да се основа фирма во САД потребен е одреден буџет, мора да се плати регистрационен агент, требаат финансии за даночна пријава секоја година и треба годишна пријава една од државниот секретар на државата кога ќе е основана компанијата да се поднесе. И евентуално може да се потребни средства за одредени промени доколку се прават во фирмата, типот на промена на име, промена на сопственичка структура итн.

    „Трошоците не се големи. Она што ние го наплаќаме во моментов е без сметководство, и изнесува 590 долари годишно, ова е сумата која компаниите ја платуваат и од Македонија да работат“, истакнува Тодоровски.

    На прашањето како функционира даночниот систем во Америка, особено затоа што од држава во држава се разликуваат правилата, даночната стапка, начинот на кој што се пресметува итн. Дали треба фирмата да ангажира тамошен сметководител, некој што го следи финансиското работење, се грижи да бидат даноците подмирени на крајот на денот и да направи годишна даночна пријава која мора да ја поднесат? Тој вели дека тие се така организирани што книговодството, категоризацијата ги работи некој од тука којшто има искуство на Американскиот пазар за работа на тамошната фирма.

    „Даночните пријави ги изработува сметководител од Америка кој што е овластен да го прави тоа и кој што има пристап до електронскиот систем за да може така да ги поднесе пријавите, иначе ние би требало да ги поднесуваме на хартија – што прави дополнителни трошоци. И за да се смета дека даночната пријава е поднесена на време, треба да биде поднесена со DHL, FedEx или USPS. И ако не биде така да речеме, ако идете со македонска пошта, со препорачена пратка, тие го сметаат за ден на поднесување денот кога е стигната таму. Тука е проблемот кој што може да се јави, бидејќи може да се задоцни, и е ризик за казни, така што тоа не е препорачано, затоа уште на почеток инсистирав тоа некој од Америка да го заврши, не само заради знаењето што го имаат луѓето, туку и заради тоа што е многу безбедно за користициите наши“, објаснува Тодоровски.

    Тој додава дека од моментот на изразување желба за основање фирма во Америка до моментот на функционален субјект таму е од прилика од една недела до 30 дена.

    „Тоа што постои таму како обврска е дека на почеток не се пријавува вистински сопственик, пошто не се објавува јавно сопственикот на компанијата, тоа е во 11 од 50 држави и затоа има институција – Финсен, нивната финансиска полиција, они имаат својата датабаза која е тајна, не е јавно споделена, меѓутоа сакаат да ги имаат кај себе сите сопственици за ако им притреба во истрага да не барат по регистрациони агенти кој е човеков што има фирмата. Другата обврска е извештај кој се поднесува секоја година до државниот секретар. Тоа е практично еден поднесок кој што кажува дека компанијата работи и ќе продолжи да работи и понатаму. И третата многу битна обврска е поднесувањето на годишните даночни пријави. Дури и фирмата да не треба да плати данок, постојано треба да се поднесува даночни пријави“, вели Тодоровски.

    ПЕТАР ТОДОРОВСКИ ВО NEW BIZ PODCAST: Како претприемачи од целиот свет можат да основаат компанија во САД и легално да работат без да отидат таму

    Ако треба да се направи споредба меѓу македонските даноци и американските даноци, тогаш Македонија има неспоредливо подобра даночна политика, додава Тодоровски, поевтина е. Затоа што во Америка даноците не се мали. Тоа што е привлечно за луѓе кои што од страна формираат компанија таму, е тоа што даночната стапка може легално, ефективно да се донесе на нула.

    „Тоа се прави со ЛЛС – фискално транспарентно друштво. Тоа значи дека даночните обрски од фирмата се преферуваат на сопствениците. Сега да речеме кај нас во Македонија, да споредиме со друштво на ограничена одговорност, не е фискално транспарентно. Тој си има свој даночни обрски, тој ги плаќа даночните обрски од државата, па тоа што ќе остане за сопствениците, после тие си го плаќаат како данок на личен доход и евентуално придонеси за социјално осигурување. Во Америка тоа е поинаку. ЛЛС велат дека не го даночат ЛЛС-то, туку го даночат како приход на сопственикот. ЛЛС на нив им служи како алатка со којшто државата кажува од каде до каде се приватните активности, а од каде до каде се деловните активности. Меѓутоа, целиот приход се сведува како личен доход. Сега за Америка да ве одданочи на вашот личен доход, треба да сте даночни резидент таму. Ако не живеете таму, ако немате државјанство или зелена карта, тогаш не можат да ве одданочат. Единствената можност е да имате таканаречен ефективно поврзан приход со САД. Треба да имате некоја активност на терен“, истакнува Тодоровски.

    Тој истакнува дека американскиот економски даночен систем генерално, е насочен кон поддршка на луѓето, стимулирање на луѓето да креираат бизнис, а и луѓето повеќе се насочени спрема тоа. Но тој смета таквиот начин на работа дека е поттикнат од културата нивна, нивниот менталитет, а не дека даночната политика има одлучувачко влијание дали ќе прават бизнис или не.

    „Во Америка, тоа што ми е познато за тоа како личниот доход го одданочуваат, ако некој почне да се занимава со бизнис, тој он има некоја даночна стапка која што е скалеста и која што делува дека ќе биде многу висока, меѓутоа, ако приходите се од бизнис, има серија на ослободувања и многу ниска станува даночната стапка. И ако некој е вработен и зема огромна плата, се даночи повеќе. Ако некој има свој бизнис и има ист таков доход, има серија на ослободувања којшто ќе го ослободат и ќе му овозможат да го реинвестираат ако сака, и тоа делува стимулативно во секој случај“, потенцира Тодоровски.

    Целата епизода и слични на оваа се достапни на  New Biz Podcast

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично