
Превентивните прегледи се најдобриот начин за рано откривање или спречување на многу заболувања, уште пред појавата на првите знаци или симптоми. Водени од искусен лекар и насочени индивидуално според вашите лични карактеристики, пол, возраст, медицинска и семејна историја, тие можат да откријат ризик- фактори за вашето здравје и да спречат развој на хронични заболувања. Ваквиот пристап овозможува превенција на болести и рано откривање со цел започнување на ефикасен третман.
Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ повеќе од 10 години успешно функционира специјализираниот Оддел за превентивни прегледи. Од 28 октомври, за пациентите се достапни нови превентивни пакети кои ги содржат најважните испитувања и анал изи преку кои се добива детална проценка на целокупното здравје.

„Новите пакети за превентивни прегледи содржат основни прегледи, но и напредни имиџинг-дијагностички испитувања со цел да се направи целосна проценка на состојбата на пациентот. Сите прегледи ги изведуваат специјалисти од соодветната област како кардиолози, пулмолози, радиолози, нутриционисти, гинеколози, уролози и др. По завршувањето на прегледите, пациентите добиваат детален медицински извештај за состојбата на сите органи и системи. Покрај раната детекција на болест, превентивните прегледи се многу важни бидејќи, зависно од резултатите, даваме препораки за промена на животниот стил, навиките и начинот на исхрана, со цел подобрување на здравјето. Затоа препорачуваме превентивни прегледи еднаш годишно – дури и кај лица без здравствени проблеми, за навремено откривање на промени кои можат да бидат сигнал за дејствување“, вели д-р Александар Станимировиќ од Check-up одделот на „Аџибадем Систина“.
ПРЕГЛЕДАЈТЕ ГО ЦЕЛОТО ТЕЛО ВО САМО ЕДЕН ДЕН

Одделот за превентивни прегледи – Check-up во „Аџибадем Систина“ ви овозможува да ги направите сите испитувања и анализи во само еден ден. За време на вашиот престој се грижи стручно лице од Check-up тимот, кое ќе ги закаже сите потребни прегледи и ќе ве придружува низ целиот процес. По завршувањето на испитувањата, сумираните резултати и медицинскиот извештај ги добивате во просториите на Одделот, специјално дизајнирани да овозможат удобност и приватност. За повеќе информации за содржината на пакетите, посетете го линкот. Вашиот преглед можете да го закажете преку контакт- центарот на 02/3099-500.

Превентивните прегледи се светски стандард и практика во сите развиени земји. Следејќи ги таа визија и својата општествена одговорност, „Аџибадем Систина“ континуирано ја промовира грижата за здравјето и апелира до граѓаните редовно да прават превентивни прегледи.
Аналитика








