ПОВЕЌЕ

    PepsiCo се вклучува во бизнисот со е-трговија и започнува да доставува производи до дома

    Време зa читање: 2 минути

    На почетокот од пандемијата на Ковид-19, американската компанија за прехрамбени производи PepsiCo забележа пораст од 10% во продажбата на артикли, воглавно благодарение на своите фанови кои создаваа залихи од нивните омилени грицки и пијалоци.

    Но, како што кризата се издолжува и веќе почнува да ја наметнува новата „нормала“ во навиките на луѓето, забележлив е тренд на пораст во онлајн трговијата и сервисите за достава на производи до дома. Со тоа на ум, PepsiCo сака свој удел во колачот и неодамна лансираше два специјализирани веб-сајтови за директна продажба и достава до потрошувачите.

    Едниот веб-сајт се вика PantryShop.com и на него ќе можат да се купуваат специјализирани пакети составени од производи на компанијата, вклучувајќи житарици и сокови во категоријата за доручек “Rise & Shine”, разни грицки во категоријата “Snacks”, како и протеински чоколатца и спортски пијалоци во категоријата “Workout & Recovery”.

    Другиот веб-сајт е регистриран на одличниот домејн Snacks.com и преку него ќе може да се купуваат над 100 видови различни грицки од брендови како Lay’s, Cheetos, Ruffles, Tostitos итн.

    Сервисите засега ќе функционираат само за територијата на Соединетите Американски Држави.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично