ПОВЕЌЕ

    Пендаровски: Две големи банки во земјава беа цел на хакерски напади

    Време зa читање: 2 минути

    Претседателот Стево Пендаровски вчера вечер во „Клик Плус“ на ТВ21 откри дека пред година и пол неколку институции во државата, меѓу кои и две банки, биле цел на хакерски напади, и дека имало истрага со форезничари од внатре и надвор. Било откриено од каде доаѓаат нападите, но не било откриено дали тие групи биле спонзорирани од држави.

    „Пред година и пол, битни институции во државата, меѓу кои и две најголеми банки беа цел на хакерски напади. Мојот кабинет не го сметам во таа категорија, но неколку пати ни е соборуван сајтот.

    Две најголеми банки и 2-3 други државни институции беа соборени. Имаше истрага од Обвинителството со форезничари и од странство. Заклучија дека нападот е од надвор, и истрагата води до некои групи за кои не можеме да заклучиме дека се државно спонзорирани, но најверојатно имаат реалиција со некои држави.

    Имавме и четворица форзеничарни од западните држави. Рекоа дека се тие групите… И големите земји немааат шанси со сигурност да утврдат кои им се мешаат во нивните избори како што е Пентагон на пример. Има индиции дека хакери се мешале и во изборите во Франција, па дури и во Брегзит“, изјави Пендаровски.

    Една од банките кои и официјално преку соопштение во јавноста известија за хакерски напад беше Охридска банка сега споена со Шпаркасе банка.

    Од банката преку соопштение посочија дека се забележани „phishing“ напади од страна на непознато лице кое фалсификувајќи го идентитетот на Охридска банка АД Скопје и користејќи го логото, се обидува да извлече податоци преку праќање на мејлови.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично