ПОВЕЌЕ

    Пецаков: Охрид ќе продолжи да се развива во модерен, дигитален, економски силен и зелен град

    Време зa читање: 3 минути

    Изградба и реконструкција на училишта и градинки, подобрување на патната инфраструктура, инвестиции во спортот, културата и животната средина. Сето тоа придонесе за поквалитетен живот на сите охриѓани, нагласи актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат, Кирил Пецаков. Нашата работа се гледа во секое поле и горд сум на сѐ што успеавме да реализираме, рече тој на денешната прес-конференција.

    Во овие четири години намирен е наследениот долг од околу 14 милиони евра, број на вработените во јавните претпријатија и локалната самоуправа е намален за 70 лица. Тој успех, вели, овозможил да почнат со реализација на капитални проекти – нова училишна зграда за ООУ „Кочо Рацин“, спортска сала во Лескоец, катната гаража станува реалност со отворениот тендер, во Трпејца се започнати градежните работи за прочистителната станица, реконструиран е булеварот „Македонски Просветители“… За четири години се асфалтирани повеќе од 100 улици и патишта во должина од 30 километри, и со вкупна вредност од над 323 милиони денари. Од 10-те приоритетни проекти што ги ветил, осум се веќе реализирани или започнати.

    „Нашата мисија не завршува тука. Ова е само почеток, а пред нас стојат нови предизвици и уште поголеми цели. Новата изборна програма е плод на темелна анализа, со визија за модерен, дигитален, економски силен и зелен Охрид, кој живее во хармонија со своето езеро и културно наследство.

    Во програмата, голем дел од нашата енергија е посветен на изградба на современа општинска инфраструктура. Планираме: реконструкција на Кеј „Македонија“ и дел од булеварот „Туристичка“. Изградба на уште една катна гаража во спортискиот комплекс „Билјанини Извори“ и на Младински културен центар. Уредување на кејот во Пештани и на градскиот пазар. Проекти за канализација и патишта во Трпејца, Долно Лакочереј, Орман, Чекоштина и другите населени места. Инвестиции во училиштата и детските градинки, вклучувајќи и поставување на фотоволтаици за енергетска ефикасност“.

    Притоа, додаде дека ќе се дигитализираат јавните услуги и ќе се зголеми транспарентноста. Граѓаните ќе можат електронски да поднесуваат барања и да го следат статусот на своите предмети.

    Поддршка ќе има за малите бизниси и занаетчиството, а ќе се формира и локален иновациски фонд за млади претприемачи.

    За туризмот  најави стратегија 2025-2030, а во доменот на културата освен поддршка за традиционалните манифестации, ќе се воведат и нови настани.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично