Облакот Ичимоку, познат и како Ичимоку Кинко Хјо, беше развиен од јапонскиот новинар Гоичи Хосода кон крајот на 1930-тите години. Гоичи Хосода, кој го користеше презимето Ичимоку Санџин, посвети многу години на проучување и анализа на берзата, а неговата главна цел беше да создаде алатка за техничка анализа, која ќе обезбеди сеопфатен поглед на пазарот и ќе понуди јасни и функционални сигнали за трговците. Развојот на облакот Ичимоку беше резултат на долгогодишно набљудување, истражување и тестирање. Хосода имаше за цел да создаде систем што би можел лесно да се разбере и од почетниците и од искусни трговци, притоа нудејќи увид во насоката на трендовите на пазарот и потенцијалните пресвртни точки. Името „Ichimoku Kinko Hyo“ може грубо да се преведе како систем што ќе обезбеди целосна слика на пазарот со еден поглед. Облакот Ичимоку првпат беше објавен во 1968 година, кога Хосода ја издаде својата книга со наслов „Ичимоку Кинко Хјо“, претставувајќи го својот метод на тргување пред јавноста. Книгата брзо се здоби со популарност во Јапонија, а методот Ichimoku Cloud стана широко познат и користен од трговците и инвеститорите на јапонските финансиски пазари.
Облакот Ichimoku се состои од пет линии и засенчена област наречена облак, кои заедно обезбедуваат сеопфатен приказ на ценовното дејство и трендовите на пазарот.
- Tenken Sen (линија на конверзија): оваа линија е движечки просек од 9 периоди на средната точка од највисоката и најниската ниска точка во изминатите девет периоди. Тој го претставува краткорочниот тренд и е релативно почувствителен на промените на цените.
- Kijun Sen (основна линија): слично на Tenken Sen, оваа линија е движечки просек од 26 периоди на средната точка на највисоката и најниската ниска точка во изминатите 26 периоди. Тој го претставува среднорочниот тренд и е помалку чувствителен од Tenkan Sen.
- Senkou Span A (Водечки распон А): ова е просекот на Tenkan Sen и Kijun Sen, проектиран 26 периоди напред и ја формира првата граница на облакот.
- Senkou Span B (Водечки распон Б): оваа линија е движечки просек од 52 периоди на средната точка од највисоката и најниската ниска точка во изминатите 52 периоди, проектирани 26 периоди напред. Ја формира втората граница на облакот.
- Chiku Span (заостанат распон): оваа линија ја претставува цената на затворањето на тековниот период, исцртана 26 периоди назад. Се користи за мерење на силата на тековниот тренд споредувајќи го со минато ценовно дејство.
Со помош на овие пет елемeнти доаѓаме до Кумо (облак): засенчената област помеѓу Senkou Span A и Senkou Span B го претставува облакот Ичимоку (Ichimoku). Дебелината и бојата на облакот обезбедуваат увид во расположението на пазарот и насоката на трендовите.
Читањето на Ichimoku Cloud вклучува толкување на интеракциите меѓу цената и облакот, заедно со релативните позиции на компонентите на облакот. Облакот, познат и како Кумо, е засенчена област којашто е формирана од две линии: Senkou Span A и Senkou Span B.
Облакот може да се прочита на следниов начин:
- Bull Market се појавува кога Senkou Span A е под Senkou Span B. Облакот ќе биде засенчен со зелена боја.
- Bear market се јавува кога Senkou Span A е над Senkou Span B. Облакот ќе биде засенчен со црвена боја.
- Методот Ichimoku Cloud може да помогне да се минимизира ризикот при тргување и инвестирање, а трговците можат да ја идентификуваат насоката на преовладувачкиот тренд со поголема јасност. Следењето на трендот ја намалува веројатноста за инвестирање во акции чија цена е спротивност на тоа што го отсликува пазарот, што може да резултира со непотребни загуби.
- Облакот дејствува како динамична поддршка и заштитна потпора. Трговците можат да ги користат овие нивоа за да постават налози за влез и излез од пазарот, притоа спречувајќи ја потенцијалната загуба или капитализирање на добивката кога пазарот ќе ги достигне тие нивоа.
- Извртувањата на облакот и избивањата на Кумо може да укажат на потенцијални промени во трендовите, а овие сигнали се користат за да се излезе од позиции што би можеле да станат неповолни или да се влезе во тргувања што соодветствуваат на новиот тренд, намалувајќи ја изложеноста на негативни движења на пазарот.
Ефективноста на методот Ichimoku Cloud зависи од различни фактори, вклучувајќи го нивото на вештина на трговецот, пазарот на кој се тргува и преовладувачките пазарни услови. Како и секоја стратегија за тргување или инвестирање, Ichimoku Cloud има свои силни страни и ограничувања.
Ichimoku Cloud обезбедува сеопфатен преглед на пазарот, комбинирајќи повеќе компоненти што ја проценуваат насоката на трендот, нивото на поддршка и отпор, како и потенцијалните влезни и излезни точки. Тоа е особено ефикасно во идентификување и потврдување на целокупната насока на трендот на финансискиот инструмент, што е од суштинско значење за трговците што го следат трендот. Исто така, графичкиот приказ е лесен за интерпретација, што го прави достапен за трговците со различни нивоа на искуство.
Од друга страна, облакот Ичимоку е првенствено заостанувачки индикатор, што значи дека се потпира врз податоците за минати цени. Како резултат на тоа, можеби не е идеален за анализа на брзи или ненадејни промени во расположението на пазарот. Забележано е дека за време на периоди на мала нестабилност, може да генерира лажни сигнали, а исто така треба да се нагласи дека не е погоден за сите пазари. Иако Ichimoku Cloud може да се примени на различни финансиски инструменти, неговата ефикасност може да варира меѓу различни пазари. Како и секоја алатка за техничка анализа, за ефикасно користење на Ichimoku Cloud потребна е пракса и големо искуство.
Со цел да се создаде облак за да се покаже каде цените можат да најдат отпор или поддршка во иднина, Ichimoku Cloud исцртува повеќе просеци на графиконот. Ова ја покажува не само поддршката и отпорот, туку и насоката и динамиката на трендовите, од кои сите се појавуваат како група технички показатели. Иако има некои ограничувања за облакот Ичимоку, тој, едноставно, ги претставува информациите на поинаков начин.
Редакција Пари
Лектор: Христина Ангелеска-Мијоска