ПОВЕЌЕ

    Пазарните инспектори изрекле казни од 105 илјади евра, за непочитување на владините одлуки – 12 илјади евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    Повеќе од 180 прекршочни платни налози со вредност од над 6,5 милиони денари, односно 105,5 илјади евра издале инспекторите од Државниот пазарен инспекторат. Исходот е од проверките, повеќе од 500, направени од 20 до 26 месецов.

    Од ДПИ информираат дека 125 прекршочни платни налози се издадени согласно Законот за трговија, 42 по Законот за угостителска дејност, 26 прекршоци биле направени според Законот за заштита од пушењето, 100 за нарушувања по Законот за финансиска дисциплина и 20 по Законот за енергетика.

    Во рамки на спроведените контроли, 130 се однесуваат на (не)спроведувањето а владините одлуки за замрзнување на цените на основните прехранбени намирници, и снабденоста во трговијата. Констатирани се само шест прекршоци, со вкупна казна од над 754 илјади денари, или 12,2 илјади евра.

    Државните инспектори и понатаму ќе бидат на терен и како што се наведува, законите ќе важат исто за сите, без селективност, а секој што нема да ги почитува, ќе биде санкциониран.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично