Лидерството и менаџментот стануваат клучни фактори за успех. Особено во Македонија, каде што голем дел од компаниите се наоѓаат во процес на трансформација, модернизација и интернационализација, потребата од обучени и развиени лидери станува актуелна и многу потребна. Во оваа епизода на New Biz Podcast Наташа Велковска разговара со Павле Зимбаков кој има свој консултантски бизнис.
Овој дел од поткастот започнува со прашањето колку често Зимбаков имал ситуации каде што луѓето сакаат да работат еден на еден, само со цел да ги развијат тие способности, а притоа да не бидат во група и да го немаат притисокот дека треба да имаат поделено вниманието од тренерот.
„Јас со коучингот почнав да работам некаде пред 4 години. Иако моето искуство во предавање и учење е многу богато, ние секоаш правиме грешки. Јас седнав, исчитав се што најдов за коучинг, ги изгледав сите подкасти, сите видеа, се што најдов и си реков: „Добро, научив се, сега треба да седнам и да коучам“ и замислувам ситуација дома како почнувам со коучинг и онемев, не знам да почнам. Сфаќам дека не е само учењето, дека книгата на крај на ден не не носи и наоѓам својот коуч кој што треба да ме води, да ме коуча, да ми даде ситуација, да ми даде можеби некоја симулација на клиент и за да почнам. И така и почнав.
Едно од работите кои што ја зборев со мојот коуч беше – „кого нема да коучаш?“ Јас кога побарав од него да ме коуча, во моментот кога се сретнавме тој ми постави прашање „Кого нема да коучаш?“ и ми даде рок од една недела да го размислам одговорот и после тоа да му го одговорам. После недела дена се видовме, го дадов точниот одговор, и тргнавме со процесот да ме коучаат. Луѓето кои што имаат желба да работат и кои што имаат потреба да научат, се многу лесни за коучање и многу едноставни.“, раскажува Зимбаков.
Но што одговорил сепак тој, кого нема да коуча? Неговиот одговор бил оние луѓе што секогаш за себе зборуваат во суперлатив, луѓето кои сè препишуваат на себе кога е позитивно, а вината ја префрлаат на другите, не се подготвени за коучинг додека не ја развијат свесноста дека и самите треба да се променат. Но, ако ја отворат таа свесност, стануваат одлични клиенти за работа. Што значи дека не е секој кандидат добар за професионален развој.
Во поткастот се провлече и прашањето кога имал групи кои што се од иста компанија, ама се во различна фаза на кариерата, како и различни генерации, тогаш како во една иста сесија ги задоволува потребите на луѓе кои што реално имаат различни потреби, особено ако има генерациски јаз?
„Кога зборувамее за комуникациските вештини или за некоја обука од soft skills, обуката тече и, нормално, јас и на тие обуки имам дискусии кои што ги отворам, па дозволувам поискусните да кажаат што им се случило, како им се случило за да им отворат пат и на другите. Сметам дека размената на искуството на една обука е многу голем фактор за тоа колку ќе научиме. И таму тече обука која што трае два дена. Меѓутоа, во процесот на лидерство и менаџмент, луѓето кои што дошле на одредена тема на обука, генерално имаат иста мака, исти проблеми и се соочуваат со исти ситуации – се двоумат како да се мотивираат вработените, како да ја спроведат одлуката, така што секој менаџер во која било компанија е дојден со една иста цел. Така што правиме дискусија огромна, се разменуваат искуства и споделуваме реални проблеми“, објаснува Зимбаков.
Тој вели дека има презентација за секоја обука и за лидерско-менаџерската и за сите останаите обуки. Меѓутоа ниту една од нив не е иста, затоа што како што вели тој дискусијата ја води групата, затоа што компанијата во која работат бара различни потреби на комуникација и продажба или различни потреби.
Зимбаков во тек на поткастот истакна дека имало неочекувани работи што му се случиле во тек на обука.
„Пред неколку години имаше неколку жени на обука – околку 15-тина од една од приватна болница. Како влегов во просторијата кае што се одржуваше обуката однеднаш почна „да ме снемува, да ме јадат со поглед“, ме гледаа сите намуртено, ниту една насмевка немаше, погледот им беше лош, и почна да ме фаќа паника. И свесен бев дека не можем да почнеме со редовното „добар ден, јас сум Павле Зимбаков, денес сега се собравме…“. Мора да почнем со нешто друго. И почнав со прашање, што е работата, зашто не ме сакат? Каков проблем имаат? И одговорот што го добив беше „Па зарем ние после толку години работа не знаеме како да комуницираме, зарем нас не не бива“. И дојдов до ситуацијата, јас да ја објаснувам и да ја продавам на нив обуката наместо нивниот менаџмент – дека ако они ништо не знаат и ако не ги бива, бидејќи работат во приватна компанија, веднаш ќе ги отпуштеа и ќе ги заменеа, бидејќи луѓе се праќаат на обука оние коишто имаат потенцијал дека ќе напредуваат и им се нуди опција да станат уште подобри, полесно да се справуваат со одредени ситуацији. И тогаш почнаа насмевки, ја почнав обуката 20 минути подоцна со делот „добар ден, јас сум Павле Зимаков“. И на крај обуката беше перфектна“, раскажува Зимбаков.
Тој вели дека се случило неколку пати да имаат поединци отпор за обуката, затоа што се искусни, па мислат дека ова им е потрошено време, но кога ќе ја проследат обуката сфаќаат дека многу научиле, и многу нови работи слушнале.
„Тоа е така бидејќи порано презентациите се држеле по еден терк и само коучот зборува, но се собирале кандидати од различни индустрии. Кај мене обуките се интерактивни, разговараме, споделуваме реални моменти, но најважно секогаш луѓето се од една индустрија, за да можеме да се фокусираме на заедничките проблеми“, вели Зимбаков.
Целата епизода и слични на оваа се достапни на New Biz Podcast