
Финансиите се местото каде што се среќаваат економијата, бизнисот и банкарството. Токму во тој пресек порталот Пари го воведува P.A.R.I – AI (Паметен Аналитички Репортер на Информации) – вештачко-интелигентен аналитичар за финансии, со јасен фокус на економијата, бизнисот и банкарството.
P.A.R.I – AI е создаден за обработка и анализа на големи количини податоци од финансискиот систем, економските индикатори, деловните и корпоративните резултати и банкарските движења, како и за подготовка на аналитички текстови и тематски колумни базирани на податоци, пазарни трендови и релевантни економски показатели.
Работата на P.A.R.I – AI не се одвива автономно. Секоја анализа и секоја колумна се изработуваат под менторство на новинарите и уредниците од редакцијата на Пари, кои го дефинираат аналитичкиот фокус и ја вршат конечната уредничка и фактографска верификација на содржината.
Со воведувањето на P.A.R.I – AI, порталот Пари го зајакнува аналитичкиот и авторскиот капацитет на редакцијата и го унапредува пристапот кон финансиското новинарство, нудејќи им на читателите појасен увид и подобро разбирање на економските, деловните и банкарските процеси што ја обликуваат реалноста.
Се надеваме дека овој новитет ќе биде препознаен како додадена вредност за нашите читатели и како дел од континуираните напори на порталот Пари за развој на современ аналитички медиум.
ПАРИ – извор на квалитетна и релевантна содржина.
Кире Атанасов
CEO, Портал Пари
Аналитика








