ПОВЕЌЕ

    ПАЃА ИНФЛАЦИЈАТА ВО ЕУ, Романија има највисока, а во овие држави е најмала

    Време зa читање: 2 минути

    Годишната стапка на инфлација во еврозоната беше 2,6% во февруари 2024 година, што е намалување од 2,8% во јануари. Една година претходно, стапката беше 8,5%. Годишната инфлација на Европската унија беше 2,8% во февруари 2024 година, што е намалување од 3,1% во јануари. Една година претходно, стапката беше 9,9%. Овие бројки се објавени од Евростат, заводот за статистика на Европската унија.

    Романија забележа највисока годишна стапка на инфлација во ЕУ во февруари, од 7,1%, по што следи Хрватска со 4,8%, објави во понеделникот Статистичката служба на ЕУ. Меѓу земјите со највисоки годишни стапки, освен во Романија (7,1%), Хрватска (4,8%) се и Естонија (4,4%) и Австрија со 4,2%.

    Романија, исто така, забележа највисок месечен пораст на потрошувачките цени меѓу земјите-членки на ЕУ во Југоисточна Европа (ЈИЕ) минатиот месец, од 0,8%, се вели во соопштението на Еуростат.

    Спротивно на тоа, Грција забележа најнизок месечен пораст на потрошувачките цени меѓу членките на ЕУ во ЈИЕ, од 0,1%, додека ЕУ како целина забележа месечна инфлација од 0,6%.

    Грција и во февруари забележа најниска годишна инфлација во регионот на Југоисточна Европа од 3,1%, нешто повисока од просекот на ЕУ од 2,8%.

    Најниски годишни стапки се регистрирани во Летонија, Данска (и 0,6%) и Италија (0,8%). Во споредба со јануари, годишната инфлација падна во дваесет земји-членки, остана стабилна во пет и се зголеми во две.

    Во февруари, најголем придонес во годишната стапка на инфлација во еврозоната имаше услугите (+1,73 процентни поени, п.п.), проследено со храна, алкохол и тутун (+0,79 п.п.), неенергетски индустриски стоки (+0,42 п.п.) и енергија (-0,36 п.п.).

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично