ПОВЕЌЕ

    Падот на продажбата го однесе Фруктал Мак во загуба

    Време зa читање: 2 минути

    Со намалената продажба на овошни сокови и пијалаци, и на домашниот и на странските пазари, Фруктал Мак премина во негативната зона. Крајниот резултат за 2025 година е загуба од 85,6 илјади евра. Една година претходно билансот бил позитивен, со добивка од 25,3 илјади евра.

    Реализираните деловни активности обезбедиле оперативни приходи од 6,9 милиони евра. Пониски за 5 отсто во однос на 2024 година и тогашните 7,3 милиони евра. Приходите од продажба се намалени за 3,6 отсто, на 6,78 милиони евра.

    Пад од 1,8 отсто е регистриран на домашниот терен, а 5,6 отсто кај извозот. Или, приливите од пласманот на македонскиот пазар опаднале од 3,73 милиони (2024) на 3,66 милиони евра, а на  странските од 3,3 милиони на 3,1 милион евра. Овошните и безалкохолните пијалаци, бебешката храна од брендот Фруктал се продаваат во Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора.

    Мнозински акционер со речиси 96 проценти е словенечкиот Фруктал д.д Ајдовшчина, а крајно матично друштво е Нектар доо, друштво регистрирано во Србија.

    Во рамките на Фруктал Мак се одгледува и обработува свежо овошје, односно има сопствени овоштарници со праски, кајсии и јаболка. Минатата година ова друштво функционирало со 45 вработени.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично