ПОВЕЌЕ

    P2P презентиран во Кочани

    Време зa читање: 3 минути

    Првата P2P /peer-to-peer/ платформа создадена во Македонија, иновативна компанија која примени паметно инвестирање и понуди одлични решенија во услови на инфлација беше претставена за компаниите и заинтересирани приватни лица од регионот на Кочани.

    На оваа презентација зборуваше извршниот директор на P2P, Теодор Тодорoвски кој детално ги објасни начините кои оваа платформа ги нуди за безбедно инвестирање, месечно исплаќање на главница и камата без провизија, со добивки повисоки од банките.

    “ P2P им овозможува на инвеститорите да постигнат високи приноси за нивните пари.

    Оваа peer-to-peer платформа основана тука во Македонија, во оваа 2022 од домашни визионери во финтек индустријата кои веруваат во принципите на споделената економија. Мисијата е едноставна, ресурсите треба ефикасно да се користат, за да се придонесе во благосостојбата на оние кои ги поседуваат, но и на оние на кои им се потребни, под меѓусебни фер услови.

    Штедните и банкарските депозити на компаниите и индивидуалците за нас се неефикасно искористен ресурс, бидејќи тие не носат нето приход на оние кои ги поседуваат. Ние во P2P веруваме дека заштедите не треба да останат без „да создаваат„ , туку да работат за инвеститорите, носејќи им високи приноси.

    И успеавме, во неполна година да го постигнеме тоа за нашите инвеститори, за што сведочи нивниот растечки број, а ова е само почеток. Ние продолжуваме да ја подобруваме нашата услуга континуирано и се надеваме дека ќе допреме до што повеќе корисници. Визионерски, ќе придонесеме за поефикасно искористување на финансиските средства инвестирани кај нас” – истакна Тодоровски.

    Она што побуди посебен интерес кај присутните е начинот како да се зголеми вредноста на парите во време на инфлација и како да се  управува со кредитните ризици. И зошто P2P е сѐ она што сакате да биде една банка.

    Финтек индустријата молскавично се развива во светот, а ваквите peer-to-peer платформи се нови стандарди на пазарот на финансиско посредување. Светот интензивно ги развива, а Македонија не доцни зад светот.
    Во првата половина од 2022 оваа комапнија е регистрирана како прва P2P која е посветена на подобрување на деловното опкружување во Македонија.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично