Сезоната 2025/26 се приближува, и многу скијачи веќе ги прават своите планови. Ново истражување покажува дека цената на скијачките одмори низ Европа се искачила за речиси 35% над стапката на инфлација од 2015 година. Како што се приближува зимата, одморалиштата се подготвуваат за уште една скапа сезона, при што цените на билетите за лифтови растат во многу од омилените дестинации на континентот.
На пример, во Италија, се очекува билетите за жичарници и ски-лифтови во одморалиштата што се протегаат од Доломитите до Апенините да чинат околу 40% повеќе отколку во 2021 година. Националното тело за заштита на потрошувачите во земјата го критикуваше зголемувањето, нарекувајќи го „целосно неоправдано“, објави Euronews.
Сепак, оние кои сакаат да скијаат без преголеми трошоци сè уште имаат опции, потсетува најновото издание на Туризам Ривју. Тие направија список од по десет зимувачишта во Алпите на двете страни на спектарот, кога се цените во прашање, односно составија две листи – со Топ 10 најевтини и Топ 10 најскапи алпски ски-дестинации.
На листата се најдоа и помалку познати дестинации надвор од скапите падини на Италија и Швајцарија нудат одлична вредност за парите.
Штотуку објавениот Европски индекс на цени на скијање од Холиду служи како годишен водич за трошоците за скијање во Европа. Овој индекс анализира над 300 скијачки центри со патеки долги повеќе од 20 километри, комбинирајќи ја цената на дневните карти и сместувањето по лице за да го открие вистинскиот трошок за скијачко патување. Накратко, Франција може да биде вашиот најдобар избор ако барате добра вредност. Но, ако сакате луксузно искуство, Австрија е местото каде што ќе го најдете.
Индексот на цени на скијање ги зема средните цени за ноќевање за изнајмување на сместување (од нивната база на податоци) и ги додава официјалните цени на дневните карти од одморалиштата. Ако цените за 2025/26 не се достапни, тие ги користат цените од минатата година пред одморот како проценки. Индексот се фокусира на два периода: шпиц- неделата од 21 до 28 декември 2025 година и потивката недела од 22 до 29 март 2026 година.
Ова е практична пресметка, земајќи ги предвид не само билетите за ски-лифтови и жичарници, туку и услугите по скијањето. Според истражувањето, Франција се издвојува како најприфатлива опција, додека Австрија, Италија и Швајцарија се на повисокиот крај од ценовниот опсег.
ФРАНЦИЈА – СКИЈАЊЕ ПО ПРИФАТЛИВИ ЦЕНИ
Ако имате ограничен буџет, не барајте подалеку од Франција! Десетте најпристапни скијачки центри во Европа сите се во Франција, што покажува дека не треба да трошите многу за одлично скијачко искуство. Овие помалку познати одморалишта во Пиринеите и Веркор нудат разновидни патеки по пониска цена, совршени за семејства или почетници.
Табела 1. Десетте најевтини ски-центри во Европа (Франција):

Артус-Ларунс е најевтин со 43,50 евра на ден, со билети од 24 евра во текот на целата година и сместување од само 16 евра по ноќ. Со 27 км патеки, идеален е за оние со ограничен буџет. Ланс ан Веркор (44,20 евра) нуди билети за 20-24 евра и сместување за 16-28 евра, додека 30 км патеките во Реалон чинат 45 евра, со сместување од 14-18 евра.
Иако на прв поглед овие места можеби не се фенси, односно – тешко ќе бидат препорачани од некој инфлуенсер, но затоа пак нудат потивко, попристапно скијачко доживување, притоа и со речиси гарантирана снежна покривка.
НА ДРУГАТА СТРАНА НА СПЕКТАРОТ – НАЈСКАПИТЕ
На другата страна од спектарот, најлуксузните ски-центри се во Алпите. Австрија има пет од топ-10 најскапи, Италија три, Швајцарија две. Тука ќе најдете врвни искуства и пространи патеки, но по премиум цена. Ова се скијачките центри за оние кои бараат скијачко патување во висок стил, кое дури вклучува и возење со хеликоптер и гурмански оброци.
Табела 2. Десетте најскапи ски-центри во Европа:

Обергургл-Хохгургл е најскап со 287 евра дневно, со влезници од 73,50 евра во сезона и сместување од 193-234 евра/ноќ на 108 км патеки. Кортина д’Ампецо во Италија (279,50 евра) нуди 120 км патеки, влезници од 77-101 евра и сместување од 101-311 евра, искористувајќи ја својата прекрасна доломитска околина. Обертауерн (276,50 евра) е следен, со влезници од 100 км терен и ски-лифтови за 69,50 евра, во комбинација со опции за сместување помеѓу 170-244 евра.
Цермат, со Матерхорн (273 евра), има 322 км патеки, но доаѓа со цена што одговара на неговиот прекрасен пејзаж.
Постои значителна разлика: француските одморалишта во просек чинат помалку од 50 евра на ден, додека луксузните одморалишта одат над 200 евра. Сепак, не станува збор само за трошоците. Попристапните одморалишта како Артус се фокусираат на пријатна атмосфера и достапни искуства, додека поскапите одморалишта како Цермат нудат скијање преку целата година и одлични услови.
За патниците со ограничен буџет, Европскиот индекс на цени на скијањето предлага истражување на Француските Алпи и барање понуди за да ги пронајдат тие ноќевања од 16 евра. Оние кои бараат луксуз можат да размислат за карти за повеќе одморалишта или да патуваат во потивките периоди од сезоната. Исто така, вреди да се напомене: потоплите зими може да ги зголемат цените бидејќи одморалиштата повеќе се потпираат на вештачки снег.
Аналитика








