Од 20 до 24 март во комплексот „Борис Трајковски“ ќе се одржи Саемот на мебел, на кој бројни производители ќе се претстават со над 70 истакнати домашни и интернационални брендови. Во петте саемски денови посетителите ќе имаат можност да изберат уникатни парчиња мебел и да слушнат добри совети за освежување на сопствените домови. Освен тоа, најавени се и големи попусти
Koнцептот и просторот за годинешното издание на Саемот на мебел се осмислени и адаптирани по највисоки стандарди. Организаторите нагласуваат дека „освен широка лепеза на парчиња мебел, на Саемот ќе бидат споделени уникатни и корисни совети за уредување, идеи за несекојдневни бои, насоки за одржливи материјали, како и неодоливи понуди од водечки брендови“.
Минатото издание на Саемот на мебел пречека и услужи над 15.000 посетители и тоа беше дополнителен мотив за организаторите веднаш да започнат со подготовките за 2024 година притоа порачуваат:
„За месец отсега во Скопје доаѓа вистинско освежување за сите љубители на квалитетен, автентичен и трендовски мебел. Од 20.03 до 24.03 ќе се одржи Саем на мебел 2024, затоа зачувај го датумот и ‘Освежи го својот дом’“.
Аналитика








