ПОВЕЌЕ

    Османи: „Еуровиа“ даде најниска понуда, за корупција не можете да ме обвините

    Време зa читање: 2 минути

    Целокупната документација од тендерот преку кој фирмата „Еуровиа“ е избрана за изведувач на адаптацијата на салата „Борис Трајковски“ ќе биде доставена до Државната комисија за спречување на корупцијата. Ваков налог им дал министерот Бујар Османи на службите во МНР. Одговарајќи на новинарско прашање, посочи дека изборот е направен според цената која била најниска, а за тоа дека компанијата била донатор на ДУИ дознал од медиумите.

    „Имам разбирање за реакцијата на јавноста која бара транспарентност за секој денар потрошен од МНР. Како што објаснивме, МНР нема избрано компанија, туку кога имате отворена постапка и единствен критериум ви е цената, тоа што МНР прави е само рангирање. Таа што е најевтина, таа се предлага на министерот да ја избере“, тврди Османи, појаснувајќи – доколку се бара одреден квалитет и цена, тогаш „субјективно одлучувате, но не можете да влијаете врз изборот кога има само цена, тука е разликата дури четири пати поевтина“.

    Оттаму, вели, нема никаков конфликт на интереси, ниту е прекршен законот.

    „Можам да предложам да донесеме закон со кој компаниите кои донираат на партии да не може да учествуваат на тендер, еве со опозицијата да го изгласаме“, вели министерот, кој уверува дека се е законски, „ единствено што се спомнува е дека сопственикот бил роднина на бивш министер кој е покоен шест години“.

    „Може да ме обвините за се, но за корупција не можете, ниту кога сум бил доктор. Таа особина ја немам, посебно не за ваков важен настан. Знам дека е тешко за верување, но дознав дека фирмата е донатор од вас медиумите. Ги повикувам институциите да истражат се“, дециден е Османи.

    „Еуровиа“ и нејзиниот сопственик Елмедин Адеми се јавуваат како донатори на ДУИ. Од Адеми партијата добила на подарок близу 41 илјада евра, сума која за три пати е над законското ниво за донација од поединец. Во име на фирмата, пак, се дадени 30 илјади евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично