Окта го зголемува од 2 на 3 денари попустот за литар дизел, а примената почнува денес. За големопродажните и малопродажните трговци оваа мерка ќе има продолжена важност – до 6 април.
Оваа доброволна иницијатива, велат од компанијата, е одговор на тековната нестабилност на меѓународните цени. Целта е да им овозможи на трговците овој бенефит да го пренесат на крајните купувачи во земјава.
Трговците на големо и мало имаат целосна слобода самостојно да ги дефинираат своите цени, согласно нивната комерцијална политика.
Со продолжувањето на мерката и засилената поддршка за дизелот, компанијата повторно ја потврдува својата посветеност кон стабилноста на пазарот, сигурното снабдување и долгорочното партнерство со трговската мрежа во Република Северна Македонија.
Аналитика








