Околу 64 000 пензионери земаат пензија во висина до 11.000 денари, согласно податоците на ПИОМ. Овие пензионери денеска први ќе може да ги подигнат пензиите на шалтерите во банките. Според правилата на Министерството за труд и социјална политика првата група на исплата на пензии до 11.000 денари започнува од денеска, а наредните денови уште во три групи пензиите ќе ги подигнат и останатите пензионери. Секако овој распоред се однесува на пензионерите кои пензиите ги земаат од шалтер, од банкомат може сите пензионери од денеска да си ги земат пензиите.
Во земјава има вкупно 325 081 пензионер. Предвремената и етапна исплата на пензиите се одвива согласно корона протоколите.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:
За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.07.2021 година (вторник);
За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.07.2021 година (среда);
За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 29.07.2021 година (четврток);
За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 30.07.2021 година (петок).
Прочитај анализа за пензии: [ Пензии од 57.304 денари за само 30 пензионери, додека 22.696 лица земаат под 9.868 денари ]
Редакција Пари