ПОВЕЌЕ

    Околу 11 000 граѓани ќе бидат погодени од забраната за пензионирање на 67 години

    Време зa читање: 2 минути

    Според податоците на Државниот завод за статистика 10 920 граѓани кои се на возраст од 65 години и постари се уште се во работен однос. Ова го покажала статистиката за овие лица во 2020 година.

    Бројот на работна сила постара од 65 години бележи пораст во 2020 година споредено со 2019-та. Односно, податоците говорат дека бројот на македонските граѓани над оваа возрасна граница  што учествувале како работна сила на пазарот во 2019 година изнесувал 9464 додека лани се зголемил на 10 920.

    Интересно е што сите тие биле и во работен ангажман, односно вработени лица над 65 години лани имало 10 920.

    Од вкупно ангажираните граѓани над посочената старосна граница, мажи биле 7 469, додека 3 451 се жени.

    Земајќи ги во предвид овие статистички податоци од прилика оваа бројка на граѓани би била погодена од измените на Законот за работни односи кои беа усвоени на собрание.

    Од 30 јуни наредната 2022 година граѓаните нема да може да го продолжуваат пензионирањето за дополнителни три години, односно до 67 годишна возраст.Сепак од оваа правило исклучок се дефицитраните кадри професори и лекари. Собранието ги изгласа измените на Законот за работни односи кои предвидуваат со навршени 64 години и минимум 15 години работен стаж работодавачот да го прекине договорот за вработување, доколку со друг закон не е уредено поинаку.

    Жените како и досега може да изберат ако сакаат да се пензионираат и со навршени 62 години. Целта на измените на законот е да се отворат можности за вработување на младите како и за намалување на бројот на администрацијата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично