ПОВЕЌЕ

    ОГРОМНИ ЗАГУБИ НА СТРАНСКИТЕ КОМПАНИИ – повлекувањето од Русија чини над 107 милијарди долари

    Време зa читање: 2 минути

    Повеќе од 107 милијарди долари е загубата на странските компании кои поради инвазијата на Украина, ја напуштија Русија. Бројките се утврдени во анализата на „Ројтерс“, базирана на документи и на изјави од компаниите. Се работи за околу илјада компании кои се повлекле од руската територија, а неколку стотици сè уште работат на тој простор.

    Во однос на август минатата година, загубите се зголемени за една третина, при што доаѓаат до израз размерите на финансискиот удар врз корпоративниот свет.

    „Додека руската инвазија продолжува во услови на непостојана западна воена помош и се зголемува обемот на западните санкции, компаниите кои сè уште имаат намера да ја напуштат Русија веројатно ќе се соочат со дополнителни тешкотии и ќе мора да прифатат поголеми отписи и загуби“, рече Иан Маси, раководител на корпоративната разузнавачка служба EMEA.

    Претседателот Владимир Путин обезбеди реизбор со убедливата победа која Западот ја осуди како неправедна и недемократска, па сега со обновениот мандат има можност да ја продолжи изолацијата од Западот, како и за дополнителни заплени на имот и политички притисок, додава Меси.

    Москва бара попусти од најмалку 50 отсто во продажбата на странски имоти. Постојано ги заострува и барањата за излез од рускиот пазар, често прифаќајќи номинални надоместоци од само една рубља. Шел, ХСБЦ, Полиметал и Јандекс

    Досега е најавена продажба на имотот што е во сопственост на „Шел“, ХСБЦ, „Полиметал Интернешенал“ и на „Јандекс НВ во вкупен износ од речиси 10 милијарди долари и со попусти до 90 проценти. Минатата недела „Данон“ (DANO.PA) соопшти дека добил регулаторно одобрение за продажба на имотот во Русија со вкупна загуба од 1,3 милијарди долари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично