Капитал банка АД Скопје има потреба од вработување на едно лице на работна позиција Правник во Секторот за контрола и усогласеност на работењето.
Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и професионален напредок на своите вработени.
Работни задачи:
- Одржување на знаење и следење на прописите за релевантните прашања, закони и регулативи, правила и добри банкарски практики и одржување во чекор со сите промени на законите, подзаконските акти и интерните акти за соодветна и најдобрата пракса во смисла на усогласеност на работењето на Банката со законската регулатива;
- Оценување на потенцијалното влијание од промените во прописите врз работењето на Банката и врз опкружувањето во кое функционира Банката и навремено известување на членовите на Управниот одбор и вработените во Банката за измените;
- Учество во спроведување на стратегијата на Банката во смисла на унапредување и следење на ризикот од усогласеност на деловните активности на Банката;
- Подготовка на материјали поврзани со усогласеноста со прописите;
- Контрола на интерните акти од аспект на нивната усогласеност со законската регулатива;
- Постојано и ефикасно советување на членовите на Управниот одбор за прашања во врска со примената на прописите;
- Следење и тестирање на усогласеноста на работењето на Банката со прописите и известување за неусогласености и за преземените корективни мерки за нивно надминување;
- Оценување на ризикот од неусогласеност;
- Оценување на усогласеноста на новите производи и деловните процеси во Банката со законската и подзаконската регулатива;
- Координација и управување со ресурсите во Секторот за контрола на усогласеност и спречување на перење пари;
Кандидатите треба да поседуваат:
- Факултетска диплома – правен факултет;
- Познавање на регулативата и промените;
- Знаење од областа на банкарството;
- Напредни вештини во MS Office;
- Познавање на англиски јазик;
- Комуникациски вештини, усмени и писмени;
- Аналитичко расудување и внимание на детали;
- Вештини на одлучување и решавање проблеми;
- Проактивен, самоиницијативен, доверлив;
- Лична одговорност и интегритет;
- Спремност за учење и професионално усовршување.
Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: [email protected].
Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.
Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување, односно до 01.05.2020 година.
Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 20 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.