ПОВЕЌЕ

    Одлуката на ЕУ за задолжителното ниво на складирање гас за зима наречена „историска“

    Време зa читање: 4 минути

    Земјите-членки на Европската унија ќе треба да ги пополнат своите резерви на гас до најмалку 80% капацитет до ноември за да се осигураат дека имаат доволно снабдување за следната зима, според новиот нацрт-закон. Договорот меѓу европратениците и Европскиот Совет за утврдување на задолжително минимално ниво на гас во складиштата беше постигнат во четвртокот.

    Тој го поставува минимумот на 80% за оваа година, но сепак забележува дека „земјите-членки и операторите треба да се стремат да достигнат 85%“, а на 90% за следните години.

    Според регулативата, која сега треба официјално да биде одобрена од Комисијата на ЕУ и лидерите на земјите од ЕУ, капацитетите за складирање на гас ќе станат критична инфраструктура и операторите ќе мора да обезбедат задолжителен сертификат „за да се избегнат ризиците од надворешно мешање“.

    Тоа ѝ овозможува на Европската комисија да формира механизам за заедничка набавка на гас доколку најмалку две земји-членки бараат негово активирање. Целта е механизмот да овозможи пониски цени со тоа што Европската комисија користи големи нарачки.

    Полскиот европратеник Јержи Бузек (ЕПП, ПЛ), кој го предводеше преговарачкиот тим на Европскиот парламент, пред новинарите го опиша нацрт-законот како „историски ден“, нагласувајќи дека законодавниот процес е започнат пред само два месеци. Предлог-законот е резултат на загриженоста за енергетската безбедност предизвикана од наглото зголемување на цените во втората половина на 2021 година, што беше влошено со агресијата на Русија против Украина.

    ЕУ, која увезува 40 отсто од своите испораки на гас од Русија, стравува дека Москва може да возврати на задушувачките санкции со затворање на вентилите. Русија тоа веќе го направи за Полска и Бугарија минатиот месец кога двете земји-членки одбија да платат за увоз на гас во рубли. Кремљ наложи плаќањата да се вршат во руската валута, бидејќи главните финансиски институции на земјата беа исклучени од меѓународниот банкарски систем поради западните санкции.

    Неколку земји-членки, вклучително и Германија, во меѓувреме предупредија во текот на последните неколку недели од зимата дека нивните капацитети за складирање гас достигнаа критично ниско ниво.

    ЕУ блокот вети дека ќе ја намали својата енергетска зависност од Русија и дека ќе го намали за две третини увозот на руски гас до крајот на годината. Земјите-членки, исто така, преговараат за предлогот за воведување етапно ембарго на руската нафта како дел од шестата рунда санкции против Москва, што ќе го лиши Кремљ од значителен извор на приходи за финансирање на војната во Украина.

    Брисел, исто така, во средата, го претстави својот историски план на ЕУ – RePower за забрзување на транзицијата од фосилните горива и кон континент без јаглерод.

    НЕСИГУРНИ ПАРТНЕРИ

    Сепак, не е јасно дали земјите-членки ќе можат да го пополнат својот капацитет за складирање без руски увоз пред крајниот рок 1 ноември. Бузек им рече на новинарите дека Европскиот парламент има за цел да „воведе прецизни одредби за ограничување на употребата на гас од недоверливи добавувачи“.

    „Знаеме дека таков снабдувач е на нашиот континент“, продолжи тој, тврдејќи дека таквата одредба би испратила „јасен и силен сигнал до таков снабдувач“ дека земјите-членки на блокот „одбиваат да имаат каква било врска со финансирање на некои акции на нашиот континент – ужасни, неприфатливи, брутални акции“.

    „Француското претседателство со Европскиот совет)не се залагаше за повеќето земји-членки да испратат таков сигнал“, се жали тој, додавајќи: „секоја земја-членка треба да го стори тоа“.

    Романскиот европратеник Кристијан Бушој, известувач за законот и индустријата, истражувањето и енергетската комисија, призна дека иако ЕУ влезе во „добри дискусии“ со САД и Норвешка, како и со Азербејџан, Алжир, Катар, Израел и Египет за да го зголеми снабдувањето со гас на блокот, „ни треба малку време“. „Земјите-членки знаат што треба да направат за оваа година“, додаде тој, мислејќи на различните планови на блокот „малку по малку“ да го замени и потоа да го запре увозот од Русија.

    Земјите-членки со низок капацитет за складирање во меѓувреме ќе можат да склучуваат договори со други земји-членки или трети земји, да складираат гас за нив за да ја достигнат минималната цел. Овие земји кои не се членки на ЕУ ја вклучуваат Украина – која има капацитет за складирање гас од 30 милијарди кубни метри, додека ЕУ како целина има капацитет од 100 милијарди кубни метри – како и Србија или Молдавија.

    Неколку земји-членки, вклучително и медитеранските островски нации Малта и Кипар, воопшто немаат капацитет за складирање.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично