Штипска Баргала која е најголемиот производител на кожарски производи за пет и пол години го смалила бројот на вработени за речиси пет пати.
Во 2016-та чевларската фабрика обезбедуваше егзистенција за илјади семејства во Штип. Бројките на Pari.com.mk и платформата БизнисМрежа.мк покажуваат дека истата таа 2016-та оваа штипска фабрика евидентирала вкупно 922 вработени.
Од оваа година па досега бројката на работници во континутет опаѓа. Па така податоците говорат дека веќе наредната 2017-та бројот на работници се намалил за 54-ца, односно вкупно останале 868 вработени.
И наредната 2018-та година не била ништо поразлична. Бројот на работници продолжил да опаѓа и стигнал до 775 или во однос на претходната година се намалил за 93-ца.
Трендот продолжува. Но 2019-та се разликува од претходните. Оваа година е направен драстичен рез кај вработените, па од фабриката си заминуваат 415 работници. Во Баргала истата година се запишани 360 работници.
Сепак раководството не застанува тука пад на бројот на вработени има и во 2020 година. Лани во фабриката за кожарски производи работеле 296 работници или нивниот број во однос на 2018-та се намалил за нови 64 луѓе.
Деновиве штипјани се пожалија дека уште стотина работници добиле отказни решенија. Ако се земат во предвид и овие отпуштени работници, може да се кажа дека Баргала сега брои 196 работници.
Тоа пак значи дека од 2016-тата досега Баргала го намалила бројот на работници од 922 во 2016-та на 196 во 2021-ва или за пет години од оваа фабрика си заминале 726 работници.
Ништо подобро не се случува ниту на финансиски план. Оваа компанија последните две години работи со загуби.
- Во 2019 Баргала покажала минус на сметката од 485 илјади евра
- Во 2020 загубата се зголемила и минусот изнесува 1 милион евра
Редакција Пари