Позитивни се резултатите на СН Брокер АД Битола во првата половина од годината, искажани преку добивката од 33.329 илјади денари или речиси 543 илјади евра. Овој нето-износ е проследен со раст од 26 проценти во споредба со достигнувањата од истиот период минатата година.
Вкупните приходи на оваа брокерска куќа се 167.253 илјади денари/2,7 милиони евра. Во овој дел е забележано зголемување од 32 насто. Притоа, најголем е уделот на приливите од продадените полиси, кои партиципираат со 89 отсто. И, во однос на споредбениот период тука е регистриран раст од 25 проценти и дојдено е до сума од 148.580 илјади денари (2,4 милиони евра).
Кај страната на трошоците запишани се единечни вкупни расходи од 116.413 илјади денари (1,9 милиони евра), со раст од 29 проценти.
СН Брокер во шестмесечието реализирал и инвестиции од 2,5 милиони евра во основни средства, од кои најголемот дел се вложени во нов деловен објект.
А, според бизнис-планот за целата година предвидено е инвестирање во материјални и во нематеријални средства, раст од 15 насто на продажбите и исто толку поголем профит пред оданочување.
Битолски СН Брокер постои девет години и со мрежа од 43 подружници ја покрива територија на државата. Има покритие од одговорност од дејност на 2,5 милиони евра.