ПОВЕЌЕ

    ОД ПОНЕДЕЛНИК – На Берзата ќе се тргува со обврзници за денационализација од 23. емисија

    Време зa читање: 2 минути

    На Берзата, од понеделник, ќе може да се тргува со обврзниците за денационализација од 23. емисија, која е во вредност од 1,5 милиони евра. Носи камата од два проценти, а номиналниот износ е едно евро.

    „Одборот на директори на Берзата донесе одлука за котација на Дваесет и третата емисија на државни обврзници за денационализација на Официјалниот пазар на Македонската берза со прв датум на тргување 30.12.2023 година“, се вели во берзанското известување.

    Како што се наведува, издавач е Република Северна Македонија, а емисијата е издадена во дематеријализирана форма, гласи на име и е неограничено пренослива.

    Обврзниците, 1.500.000  на бориј, се издадени во четвртокот (26 декември), а рокот на достасување 1 јуни 2034 година.

    За обврзниците од оваа емисија следува годишна двопроцентна камата, како што пишува „на остатокот на расположивата главнина за отплата“. Каматата се пресметува почнувајќи од 26 декември годинава.

    Исплата на каматата и на главнината ќе се врши во период од една деценија. Еднаш годишно, секогаш на први јуни. Првата исплата ќе се реализира на овој датум идната 2025 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично