Малопродажните цени на бензините се намалуваат за 0,50 денар/литар, а дизелот останува со иста цена, одлучи вчера Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
За половина денар се намалува и цената на маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) и ќе се продава по 57,50 денари/литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,513 ден/кг и сега ќе изнесува 34,266 ден/кг.
-Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: кај бензинот за 1,044%, кај дизелот за 0,121%, кај екстра лесното масло за 0,031 % и кај мазутот намалувањето е за 1,2 %. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,678%, посочуваат од Регулаторната комисија за енергетика.