ПОВЕЌЕ

    Од денес нова државна обврзница и задолжување од 33,4 милиони евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    Домашните инвеститори кои ќе вложат во новите државни обврзници што од денес котираат на Берзата, ќе добијат камата од 5,1 насто. Стапката е вообичаена за повеќето емисии на долгорочни обврзници што ги издала државата, а доспеваат за наплата по 15 години.

    Последната емисија, која по барање на Министерството за финансии, денес ќе се појави на  официјалниот пазар, на подсегментот берзанска котација, е во вредност од 2.055.600.000 денари (над 33,4 милиони евра). Издадени се 205.560 обврзници, чија номинална цена е 10 илјади денари. И не содржат девизна клаузула.

    Со оглед дека како датум на издавање е заведен 13 ноември, кредиторите целосно ќе ги наплатат позајмените средства на 13 ноември 2040 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично