Од денес на Официјалниот пазар ќе може да се тргува со обврзниците за денационализација од дваесет и четвртата емисија, чијашто вкупна вредност е 1,5 милиони евра. Државата издала 1,5 милиони обврзници со номинална цена од едно евро. Одлуката за котација е донесена од Одборот на директори на Македонска берза.
Дваесет и четвратата емисија е издадена лани на 30 декември, а датумот на достасување е 1 јуни 2035 година. Каматната стапка е 2 насто годишно, на остатокот на расположивата главнина за отплата, наведено е во објавата.
Во еднодеценискиот период, каматата и главнината ќе се исплатува еднаш годишно. Почнувајќи годинава, исплатата ќе се врши секој први јуни.
Оваа емисија е издадена во дематеријализирана форма, гласи на име и е неограничено пренослива. Берзанската шифра за тргување е RMDEN24.
Аналитика








