ПОВЕЌЕ

    Од денес на Берза 15-годишна државна обврзница со каматна стапка од 5,9 проценти

    Време зa читање: < 1 минутa

    Државата ќе се задолжи за над 21 милион евра. Од денес на официјалниот пазар, подсегмент берзанска котација, е 15-годишната државна обврзници со девизна клаузула.

    „Ве известуваме дека согласно Барањето од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од 03.01.2024 година на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики…“, се вели во информацијата на Македонска берза.

    Издадени се 134.315 хартии од вредност од овој вид, а номиналната вредност е 10 илјади денари за обврзница. Вредност на емисијата е 1.343.150.000 денари или 21,8 милиони евра.

    Датумот на издавање е 28 декември 2023, а на достасување 28 декември 2038 година. Државната обврзница со девизна клаузула е со каматна стапка од 5,90 проценти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично