ПОВЕЌЕ

    ОБИЛНИОТ СНЕГ ВИКЕНДОВ ГИ ЗАВЕА ВИКЕНДАШИТЕ ВО МАВРОВО, патиштата се уште тешко проодни, Никифорово нема струја

    Време зa читање: 4 минути

    Обилните снежни врнежи кои изминатиов викенд создадоа висока снежна покривка во планинските предели во западниот дел на државава, донесоа и проблеми со сообраќајот, предизвикан од неисчистени патишта и заглавени возила. Според последното соопштение на УХМР, најмногу снег има во Маврови Анови – 68 сантиметри, 51 см на Попова Шапка, 25 во Лазарополе и 5 см во Берово.

    Посебно сложена беше ситуацијата во зимските туристички центри Маврово и Попова Шапка, каде имаше заглавени возила и непроодни делови од патот поради обилни наноси на снег кој на места беше длабок и до 80 сантиметри, како и од паднати дрвја.

    Центарот за управување со кризи попладнево извести дека „ во општина Маврово-Ростуше, на некои места има наврнато и околу 80 см снег. Паднати биле десетина дрвја кои го попречуваа сообраќајот. Екипа од ЈП за одпжување и заштита на магистралните и регионалните патишта со моторна пила од утринските часови е на терен и постапно ги сече и одстранува паднатите дрвја. Паните правци моментално се чистат по приоритет. Возило од Македонија пат моментално почнува со чистење на патот околу Мавровско езеро од кај страната на Бунец. Поради големите наноси на снег се очекува чистењето на патиштата да потрае подолго време. По извршениот контакт со одговорното лице од ЕЛС Маврово добиена е информација дека во најголем дел локалните патни правци се проодни. Проблеми има во Мавровскиот дел додека во Ростушкиот не се забележани проблеми и таму количината на паднат снег е драстично помала“, се вели во известувањето на ЦУК.

    Најтешко погодено беа жителите и посетителите на мавровското село Никифорово кое вечерните часови ги дочекаа со завејан пат и без струја. Според информациите кои Пари ги доби од очевидци во селото Леуново, моментално патот кон Бунец е прооден но со потешкотии, поради купиштата снег на страните од патот, но и ниските ноќни температури, кои предизвикаа голомразица, поради што, дел од посетителите ноќта ќе ја поминат во селото.

    Во текот на денот, од ЦУК информираа дека добиле пријава од неколку лица кои  заглавиле кај Леуново во Маврово  каде снежната покривка е околу 80 цм. Таму расчистувањето на патот долнително било отежнато поради паднати дрвја. Со возило кај хотелот Радика  заглавила и екипата на  Проивпожарната единица од Гостивар и уште дваесетина возила. Граѓаните бараа Македонија пат да интервенира со механизација. Од ова  ЈП инфомираат дека работат со целиот капацитет, но граѓаните кои се затекнаа на лице место ни испраќаа снимки на кои се гледа како и механизацијата на Македонија пат остана заглавена во натрупаниот снег.

    Колони на возила кои отежнато се движеа имаше и од другата страна на Мавровското езеро, каде поминала механизацијата на Македонија пат, но сепак дел од возилата имале потешкотии да се разминат или извлечат од снежните навеви, што создало долготрајно стоење во колони и нервоза кај посетителите на туристичкиот центар.

    ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патиште известува дека патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража е нормализиран за сообраќај од 14:00 часот. АМСМ претходно известија дека од 14:35 часот, на регионален пат Тетово -Попова Шапка воведена е забрана за сите видови на возила, поради наноси од снег.

    ОД АМСМ попладнето доставија вондредна информација во која се наведува дека од 14часот и 35 минути на регионалниот пат Тетово- Попова Шапка воведена е забрана за сите видови на возила.

    Од ЦУК во 11:43 часот, објавија дека добиле пријава и за заглавено возило (фамилија со 2 мали деца) во снегот, пред Хотел Радика, с.Леуново. По ова била испратена механизација за расчистување на патот од селото Леуново до клучката кај детското летувалиште Бунец, но багерот заглавил, па бил испратен друг багер да го одглави.

    Дел од жителите на мавровскиот крај и сопствениците на викендички таму се глевни поради нефункционирањето на Општина Маврово Ростуше, во чија надлежност е расчистувањето на споредните патишта, но чијашто механизација денес не излегла на терен.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично