
Комерцијална банка објави оглас за вработување на Администратор на системи за безбедност и прифаќање банкарски картички во рамки на Секторот за информатичка технологија.
Од банката информираат дека станува збор за позиција наменета за кандидати кои имаат интерес за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција и стабилно присуство на пазарот. Комерцијална банка наведува дека работи на градење ефикасност и иновативност преку посветен тим на професионалци, како и современи технолошки решенија.
Заинтересираните кандидати можат да аплицираат на следниов линк https://kb.mk/vrabotuvanje.nspx, каде се достапни и дополнителни информации за огласот.
Од банката посочуваат дека нудат пријатна и професионална работна средина, која ги цени личните и професионалните вредности на вработените и овозможува активно учество во модерниот развој на институцијата.
Аналитика








