Visa PayWave е нова кредитна картичка од Халкбанк АД Скопје со фиксна каматна стапка од 7,7% наменета е за сите клиенти со редовни месечни приливи по основ на плата/пензија во банката.
Кредитната картичка овозможува безготовински плаќања на трговската мрежа и подигнување готовина од банка или од банкомат.
Со Visa PayWave клиентите имаат можност да плаќаат на 2, 3, 6, 12 и 24 рати во зависност од износот на трансакцијата направена на ПОС-терминали, интернет, АТМ на Халкбанк АД Скопје и сите други банки во земјата и странство. Плаќањето на рати не е избор на клиентот и трговецот, туку е автоматски зависно од износот на трансакцијата на која се пресметува камата.