ПОВЕЌЕ

    НОВА УСЛУГА НА АЕРОДРОМОТ ВО ВИЕНА: Наместо на клупи, спиење во кабини за 9 евра за саат

    Време зa читање: 2 минути

    Работно место, простор за одмор или спиење – нова услуга на аеродромот во Виена која ќе обезбеди уште поголема удобност на патниците.

    На терминалот 3, патниците можат да изнајмат паметни кабини од италијанскиот старт-ап Zzzleepandgo.

    Секоја од 16-те паметни кабини е ексклузивно место за одмор од три квадратни метри. Кабините се опремени со простор за спиење, приклучок за струја и USB, бесплатен WiFi, како и простор за складирање и маса на преклопување.

    Покрај тоа, сите кабини имаат мултимедијален систем кој може да емитува филмови и музика, да ја контролира вентилацијата, светлата и завесите за затемнување.

    „Патниците со подолг престој на аеродромот сега можат опуштено и мирно да го премостат времето на чекање во модерна кабина за спиење од Zzzleepandg. Со почетокот на летниот распоред на летови, ќе се зголеми и бројот на патници на аеродромот во Виена и ќе ни биде драго да видиме што е можно повеќе патници во поволностите во кабината“, изјави Џулијан Јегер, извршен директор на Flughafen Wien AG.

    Кога сакаат да ги користат овие кабини, гостите се регистрираат директно на виртуелната рецепција во кабината каде што ги вчитуваат пасошот, кредитната картичка и сертификатот за Ковид. Додека резервациите може да се направат однапред преку веб-страницата.

    За време на периодот на изнајмување, корисникот може да влезе и излезе од кабината без ограничувања. Кабините се чистат и дезинфицираат по секое изнајмување, а системот за автоматска вентилација ги филтрира бактериите и вирусите од воздухот. Користењето е 9 евра за час, но кабината за спиење може да се резервира цела ноќ (од 48 евра) или подолго.

    Плаќањето е пред поаѓање.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично