Плановите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за формирање на нов фонд за „отпор и одржливост“, кој ќе ја прошири поддршката за повеќе од десет ранливи земји, денес доби меѓународна поддршка пред претстојните клучни состаноци.
Шефицата на ММФ, Кристалина Георгиева, овој месец предложи нова доверба која ќе им овозможи на богатите земји да ги усмерат своите нови резерви во ММФ во насока кон сиромашните и земјите со среден приход, кои се сериозно погодени од КОВИД-19 или климатските промени.
„Тоа е нешто што ние дефинитивно го поддржуваме“, рече Ларс Јенсен, виш економист од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и автор на новиот извештај за тоа како треба да се усмерат новите финансии на ММФ
Климата како приоритет
Се очекува дека поради корона криза, 47 од вкупно 82 ранливи земји ќе останат со бруто долгови над нивото што се смета за одржливо. Исто така, девет од 10 најранливи земји на климатски промени, истовремено се многу ранливи економии во развој.
„Како можна развојна цел за насочување на СДР во ранливи земји, би било нормално климата да биде приоритет поради нејзините глобални импликации“, рече Јенсен, додавајќи дека фондот може дури и да се зголеми преку позајмување на пазарите на долгови.
Лидерите на Г7 веќе ја поддржаа прераспределба на 100 милијарди долари нови пари од СДР.
Георгиева изјави дека Кина изрази интерес за учество во програмата и дека очекува и другите големи економии во развој да го сторат истото.
Извршниот одбор на ММФ се состана во саботата за да разговара за следните чекори, а финансиските претставници од Групата на 20 водечки светски економии разговараа за прашањето за пренамена на СДР на состанокот во Венеција во јули.