ПОВЕЌЕ

    Нова ера на мобилна иновација: Galaxy S25 серијата е тука

    Време зa читање: 3 минути

    Новите членови на семејството Galaxy пристигнаа, поместувајќи ги границите на мобилната технологија. Galaxy S25, Galaxy S25+ и Galaxy S25 Ultra не се само телефони – тие се вашиот нов дигитален придружник, опремен со врвна вештачка интелигенција која ги трансформира секојдневните моменти во неверојатно искуство. Овие уреди се создадени за оние кои бараат иновативна технологија која не само што ги оптимизира задачите, туку ги инспирира да ги освојуваат новите предизвици на секој ден.

    Со интуитивниот интерфејс на One UI 7 и интегрираните функции со вештачка интелигенција во Galaxy AI, со Galaxy S25 серијата добивате автоматски прилагодени апликациите и информации според вашите потреби, обезбедувајќи побрза комуникација и ефективно управување со времето. Без разлика дали сте во потрага по брз начин за организирање на дневните активности или сакате да ги уловите најинтензивните моменти со врвна камера, овие телефони се тука да ве поддржат.

    Интелигентна брзина за секојдневна продуктивност

    Galaxy S25 серијата е вашиот комплетен дигитален партнер – помеѓу комуникација, продуктивност и креативност, секогаш чекор пред времето. Овие уреди користат мултимодални AI агенти кои овозможуваат природна интеракција, разбирајќи текст, говор, слики и видео за да ви дадат беспрекорно искуство. Со функцијата Пребарување со заокружување (Circle to Search), секој допир автоматски препознава телефонски броеви, е-пошта и URL адреси, овозможувајќи ви да повикате, испратите порака или отворите веб-страница со една брз гест.

    Моќта на Galaxy S25, Galaxy S25+ и Galaxy S25 Ultra е поттикната од иновативниот Qualcomm Snapdragon® 8 Elite чип, специјално дизајниран и оптимизиран за овие уреди. Овој процесор нуди водечки перформанси, побрза AI обработка и значително подобрена енергетска ефикасност, што ги зголемува вашите мобилни можности и ја оптимизира продуктивноста во секојдневието.

    Дополнително, ВИ алатките како Транскрипција на повик (Call Transcript) и Помош на пишување (Writing Assist) автоматски ги организираат и форматираат вашите повици и белешки, додека функцијата Помош за цртање (Drawing Assist) ги комбинира вашите скици, текст и визуелни насоки за оживување на креативните идеи. Овие функции овозможуваат лесно мултитаскинг искуство, без потреба од постојано префрлање помеѓу апликации.

    Песонилизино мобилно искуство и безбедни податоци

    Секој момент е единствен, па зошто да не биде и вашето искуство со телефон? Серијата Galaxy S25 го користи Personal Data Engine за да ги анализира вашите навики и преференции, давајќи ви токму она што ви треба во секој даден момент. Па така, сега лесно можете да најдете стари фотографии или да побарате препораки за тој ден. И сето ова, се разбира, без да се загрози приватноста – благодарение на Samsung Knox Vault, сите ваши податоци остануваат безбедни.

    Секоја авантура, секоја приказна и секој момент стануваат побогати и поинтерактивни со Galaxy S25, Galaxy S25+ и Galaxy S25 Ultra. Откријте ја новата димензија на мобилна технологија која ја претвора секоја секунда во инспиративно искуство и бидете подготвени да ги освојувате новите хоризонти со вашиот нов Galaxy придружник.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично