Сопствениците на Тесла автомобилите не можеле да ги отклучат вратите ниту пак да го стартуваат возилото, откако апликацијата престанала да работи. За проблемот сопствениците проговорија на Твитер, а со твит веднаш се јави сопственикот Илон Маск, кој се извини и посочи дека проблемот е решен.
Апликацијата покажувала „500 серверска грешка“, што укажува на проблеми со серверот на кој се обидува да се поврзе апликацијата на Tesla. Покрај картичката со клучеви и далечинскиот клуч, автомобилите на Tesla можат да користат и паметни телефони како клуч. Со оглед на тоа што телефоните се поврзуваат со автомобилот преку блутут, нивното користење како клуч не бара интернет конекција, односно проблемите со апликацијата не треба да влијаат на отклучувањето на возилото.
Некои корисници на Твитер исто така се пожалија дека не можат да ги отклучат своите автомобили со своите телефони. Во Electrek велат дека Tesla ја надградила својата апликација оваа недела и тоа е веројатната причина за проблемот со работата на апликацијата.
Инаку, претходно сопствениците се пожалија и проблеми со автопилотот, а американските власти истражуваа дали токму автопилотот во Тесла е причина за неколку сообраќајки со овие возила.