Нов пресврт во случајот Ван Хол – белгиските медиуми јавуваат дека западнофламанскиот претприемач Гвидо Думареј, кој претходно беше најголемиот фаворит за превземање на пропаднатиот белгиски производител на автобуси и камионски приколки, но се откажа, направил нова понуда за преземање на компанијата.
Откако последниве месец ипол се готвеше банкротот на компанијата, која веќе извесно време се соочува со финансиски потешкотии, вчера протекоа информации дека сигурни купувачи на Ван Хол се германскиот Schmitz Cargobull и холандскиот ВДЛ, но дека нивниот деловен пакет на превземање предвидува сигурни работни места само за 650 до 950 од 1.800-те работници на некогашниот лидер во индустријата со седиште во фламанскиот град Koningshooikt.
Гвидо Думареј тврди дека неговата понуда е подобра од аспект на сочувување на бројот на работни места што треба да се спасат во Белгија. „Сега останува на доверителите да споредат која понуда е најдобра“, рече тој. Очигледно, Думарај ги здружува силите со американскиот дилер на Van Hool, ABC Companies, како што е објавено на VRT Nws. Думареј е претприемач со долга историја на купени и рестартирани бизниси.
Медиумите додаваат дека Думареј бил контактиран од ABC Companies (дилер на Van Hool во САД) за да поднесат понуда заедно. Тој рече: „Ние лицитираме заедно – тие 40 проценти, ние 60 проценти – за одделот за производство на автобуси и во Америка и во Македонија. Во Белгија, ние сме заинтересирани за одделот за услуги, одделот за истражување и развој, (по)продажбата и организацијата потребна за водење на сите тие активности“.
Наводно, срцето на работата се 40% акции во ABC кои се биле во сопственост на Ван Хол и кои ABC не би сакал да паднат во рацете на VDL. Оттука, како што информираше Думареј, ABC го контактирала во текот на изминатиот викенд со цел да направат заедничка понуда: ABC би сакала да купи 40% од акциите на Ван Хол додека Думареј е заинтересиран за преостанатите 60% акции на Ван Хол.
Во меѓувреме, Ван Хол е деклариран за банкротиран од страна на Стопанскиот суд во Мехелен, Белгија кој се занимава со комерцијални парници. Според извештаите на медиумите, компанијата има акумулирано долг од 400 милиони евра. Ова беше дополнително надополнето со семејниот спор за наследство околу акциите во компанијата, кој очигледно се протега со децении.
И додека белгиските медиуми не донесуваат подетални информации за тоа што ќе се случува со бизнисот на Ван Хол во Македонија, во дописот од Ван Хол Македонија за Телма потврдиле дека не планираат намалување на бројот на вработени во фабриката, ниту пак кратење на плати, и дека преговорите за продажба се водат на коорпоративно ниво. Вработените се безбедни, а се преговара и со институциите во земјава да се донесат дополнителни капацитет од компанија во Белгија, во Македонија.
Сопственикот на штипската фирма Актива – партнер на Ван Хол во државава, Иле Николов, вчера информираше дека компанијата веќе е подготвена за целосното префрлање на производството на компанија Ван Хол од Белгија во Македонија. „Ние за таа работа веќе се спремивме. Актива лани имаше дополнителни инвестиции во делот на машинскиот парк и веќе е зголемен товарот на произвоство и немаме од наша страна доцнење за нивните потреби, за зголемување на прооизводството ќе бидат следени и како ќе бидат доставувани барањата од нивна страна ние ќе го следиме тоа. Веќе сме во фаза на изградба на уште еден производен погон од 8.000 метри квадратни кој ќе биде исто така во функција на зголемување на капацитетите на нашите компании. Така што, ние во целост сме спремни за таа работа“, посочи Николов за време на посетата на министерката за одбрана, Славјанка Петровска на фабриката.
Тој, исто така рече дека девизниот прилив за Актива од соработката со белгиската компанија за минатата година изнесува околу 15 милиони евра и дека оваа очекува доста поголем прилив.