ПОВЕЌЕ

    Нов данок за граѓаните-еколошка такса од 3,5 денари на горивата

    Време зa читање: < 1 минутa

    Владата ќе воведе еколошка такса за дизелот и за бензините од 3,5 денари од 1 јули, соопшти денеска премиерот Зоран Заев. Станува збор за нова давачка со која практично ќе се зголеми цената на горивата за граѓаните.

    -Еколошката такса е 3,5 денари за нафтата за да се откажеме од нафта и нафтени деривати и да поминеме на користење на зелена енергија, да се движиме со велосипед, со тротинет и со електрични возила, рече премиерот Заев.

    Од дополнителната такса ќе се соберат во буџтот 1,685 милијарди денари (24 милиони евра) за едно полугодие или 3,3 милјарди денари за цела година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично