ПОВЕЌЕ

    НЛБ Банка ја зголеми провизијата за водење на денарска трансакциска сметка за правни лица

    Време зa читање: < 1 минутa

    Од НЛБ Банка известуваат дека, почнувајќи од денес, 01.04.2021 година, НЛБ Банка изврши зголемување на провизијата за водење на денарска трансакциска сметка за правни лица со истовремено нејзино надградување во Основен бизнис пакет.

    Основниот бизнис пакет за прaвни лица покрај денарска трансакциска сметка, вклучува и бизнис дебитна картичка и електронско или мобилно банкарство со право на преглед без надоместок, информираат од банката.

    НЛБ Банка секогаш во фокусот на своето работење ја има грижата за своите клиенти и нивните потреби, со цел зголемување на задоволството од корисничкото искуство. Во таа насока, постојано работи на воведување на нови како и унапредување на постојните продукти и услуги.

    Повеќе информации за трошоци, провизии и каматни стапки:

    Одлука за каматни стапки 

    Одлука за тарифата на надоместоци на услугите што ги врши НЛБ Банка АД Скопје

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично