ПОВЕЌЕ

    НЛБ Банка почна со исплата на јунските пензии

    Време зa читање: < 1 минутa

    На благајните во експозитурите и на банкоматите на НЛБ банка, вчера започна да се врши предвремената исплата на јунските пензии.

    Банката ги известува своите клиенти – пензионери дека, вообичаено, во сеое време можат да ја повлечат пензијаа на банкоматите на НЛБ.

    Во експозитурите на НЛБ Банка, пак, со цел подобра организираност и намалување на турканиците, пензиите ќе можат да се подигнат според утврдениот редослед:

    среда 28 јуни – пензии со висина од 11.001 до 14.000 денари

    четврток 29 јуни – пензии со висина од 14.001 до 18.000 денари

    петок 30 јуни – пензии со висина над 18.001 денар.

    Исто така од НЛБ Банка ги потсетуваат клиентите дека можат своите пари да ги користат и без да ги повлечат, односно безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично