Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, НЛБ Банка ќе ги исплати пензиите на 26 – ти мај (вторник).
Во насока на поголема заштита и намалување на гужвите во експозитурите, на 26 – ти мај пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија само на банкоматите на НЛБ Банка, додека од 27 – ми мај, пензиите ќе можат да се подигнат и преку експозитурите на Банката согласно определен редослед.
Распоредот за подигнување на пензиите во експозитурите во периодот од 27 – ми мај до 01 – ви јуни е креиран согласно висината на пензијата и тоа:
- На 27.05.2020 (среда) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија до 11.000 денари
- На 28.05.2020 (четврток) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија од 11.001 до 14.000 денари
- На 29.05.2020 (петок) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија од 14.001 до 18.000 денари
- На 01.06.2020 (понеделник) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија над 18.000 денари.
Со цел заштита на здравјетo, од Банката препорачуваат средствата првенствено да се користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Доколку клиентите имаат потреба од готовина, се препорачува подигнувањето на средства да се врши на банкомат, каде средствата ќе бидат достапни од 26.05 – вторник и истите ќе може да се подигнат во секое време, независно од дефинираниот распоред.
Од НЛБ Банка замолуваат за почитување на превентивните мерки, носење на заштитна маска, чекање ред на обележаните места и држење растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.