Исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита ќе почне во петок (5 јули), информираат од НЛБ банка.
Своите пари корисниците во секое време можат да ги подигнат од банкоматите.
Заради поголема заштита и намалување на гужвите во експозитурите, од Банката ги известуваат клиентите дека исплатата ќе се реализира согласно определениот редослед. Распоредот е направен по азбучен редослед, според првата буква од презимето на корисниците и тоа:
петок (5 јули) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ
понеделник (8 јули) – М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш
Исто така, од НЛБ банка потсетуваат дека клиентите имаат можност средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.