Македонската економија по високиот раст на БДП од 3,6% во 2019 година, прикажа економски пораст во првиот квартал од 2020 година од само 0,2% како резултат на пад кај преработувачката индустрија и пад на извозот и увозот на стоки и услуги.
На крајот на првиот квартал од 2020 година со воведувањето на вонредна состојба во државата како резултат на пандемијата КОВИД-19 и превземените мерки за здравствена заштита од страна на Владата на Македонија, економската активност значително се намали чии последици значително се влошија во вториот квартал од годината поради прелевањата од глобалната и домашната рецесија.
Новите предвидувања прикажуваат пад на БДП од 1,4% согласно оптимистичкото сценарио на Светска Банка и пад од 4,0% согласно Меѓународниот монетарен фонд. Народната банка предвидува пад од 3,5% за 2020 година. Сепак, имајќи во предвид дека ова е “ еднократна” глобална криза, која не потекнува од финансиските пазари но сепак како резултат на нејзината големина и непредвидливост остава голема неизвесност за сите компании, попрецизни економски и финансиски предвидувања не се достапни во моментов.
Во таа насока, НЛБ Банка АД Скопје, како втора системски значајна банка и трета банка по големина во Македонија, постојано го следи развојот на кризата, влијанието на банкарските финансиски позиции и следствено проактивно ги прилагодува своите деловни операции.
Иако во фокусот на оваа година ќе биде справувањето со пандeмијата КОВИД-19, како клиентски ориентирана Банка, ние ќе продолжиме да превземаме мерки за заштита на нашите клиенти и да ги нудиме најоптималните решенија. Банката ќе продолжи да ги следи светските технолошки трендови, и како современа и креативна банка ќе биде посветена на дигитализацијата и унапредување на банкарските процеси.
Во фокусот на Банката ќе биде и одржувањето или зголемување на пазарниот удел по различни сегменти во банкарскиот сектор на Република Македонија во зависност од преземениот ризик, влијанието на адекватноста на капиталот и профитабилноста. Како и досега, Банката интензивно ќе работи на развој на знаењето и вештините на човечките ресурси како главен столб на доброто работење, како и на развој на информатичкиот систем на Банката.