ПОВЕЌЕ

    Квадарт стан за една година поскапел за околу 30-ина евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    Народната банка ја објави статистиката за движењето на цената на становите за првиот квартал  годинава. Податоците покажуваат дека на годишна основа, односно цената на становите во првите три месеци од 2021 споредено со истите месеци од 2020 година се зголемиле за 3,2 проценти.

    Споредено, пак прв квaртaл од 2021 со последен квартал од 2020 година зголемување на цената на становите е два проценти.

    Ако се земе во предвид дека просечната цена на квадрат во метрополата каде што се и најскапи становите, се движи околу 1000 евра тогаш бројките покажуваат дека за една година цената на метар квадратен се зголемила за околу 30-ина евра.

    Или ако лани стан од 55 метри квадратни сте го платиле 55.000 евра по цена од 1000 евра за квадрат, сега ќе треба да платите уште 1760 евра, односно ќе ве чини 56.760 евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично