ПОВЕЌЕ

    Нетрговски трансфери: Промена на сопственоста кај 1.739 акции

    Време зa читање: 2 минути

    Нетрговските трансфери минатата недела минале со 1.739 акции. Издадени се од 11 друштва што котираат на Македонска берза и сите се обични.

    Акции од четири компании на двапати се забележани во седмичната статистика на Централниот депозитар за хартии од вредност. Во среда и петок се трансферирани хартии од вредност на три друштва со предзнакот РЖ. Тоа е РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје со регистрирани 20 и 24 обични акции. Во берзанското тргување не се застапени последните 52 недели. Потоа РЖ Економика АД Скопје со 19 и 23 акции. Тие имаат просечна цена од 50 денари, произлезена од тргувањето во декември. И РЖ Техничка контрола АД Скопје со 8 и 9 обични акции, чијашто просечна вредност е 650 денари. Четвртата компанија е Уготур АД Скопје со 21 и 26 обични акции, кои исто така не се тргувани во изминатите 52 недели.

    Најбројни се акциите на Либерти АД Скопје – 778, со просечна цена од шест денари. Всушност, тоа е акцијата што во 2025 имаше најголем пад 62,5 %) на вредноста.

    Пренос е направен на 438 акции на Макстил АД Скопје. Нивниот просек е 128 денари.

    Следува РЖ Услуги АД Скопје со 161 обична акција, кои чинат по 51 денар.

    И со акциите на Тутунски комбинат АД Прилеп не се тргува често, а во минатонеделните нетрговски трансфери се забележани 110. Просечната цена е 290 денари.

    На овој начин сопственоста е сменета и кај 72 акции на ЖАС АД Скопје, со кои цела година не е нправена ниедна берзанска трансакција.

    Подарени се и акции кои се мешу петте најтргувани на Македонска берза. Се работи за 25 обични акции на Макпетрол АД Скопје, со моментален просек од 110.002,60 денари. Исто како и за 5 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје, секоја со вредност од 27.424,83 денари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично