ПОВЕЌЕ

    Неочекуван скок на деловната доверба во Германија на крајот на турбулентната 2020 година

    Време зa читање: 2 минути

    Германската економија ја завршува турбулентната 2020 година со неочекуван скок на деловната доверба, со индикации за отпорност на клучните индустриски сектор во коронa кризата, покажа во петокот извештајот на германскиот институт Ифо.

    Индексот на деловната клима на Институтот за економски истражувања Ифо се искачи на 92,1 поен во декември, од ревидираната вредност во ноември на 90,9 поени.

    Скокот на индексот во декември го запре влошувањето на атмосферата во претходните два месеци, кога деловните лидери беа загрижени за новиот бран на пандемијата.

    Анкетата е спроведена на 9000 директори на компании во Германија.

    „Рестриктивните мерки силно влијаеа на одредени сектори на економијата“, рече претседателот на Ифо, Клеменс Фуест, коментирајќи ги резултатите од најновата анкета.

    „Сепак, германската економија како целина покажува отпорност“, рече Фуест.

    Подобрена е и проценката на тековните услови за деловно работење, изразено во растот на индексот на 91,3 поени, што е највисоко ниво од март.

    Деловните лидери во индустрискиот сектор ги подобрија проценките за тековните услови на деловно работење и се пооптимистични во предвидувањата за следните шест месеци.

    Индексот, кој ја мери проценката на моменталните услови за деловно работење во индустријата, го достигна највисокото ниво од јануари, кога започна првиот бран на пандемијата.

    „Тој исто така го зајакна својот оптимизам за следните месеци“, рече Ифу.

    Подобрувања може да се забележат и во секторот за малопродажба и за трговија на големо.

    Институтот забележува дека повеќето директори на мало имаат извршено истражување пред да воведат нови строги рестрикции, кои веројатно сериозно ќе влијаат на трошењето на празнилните одмори,кои се еден од клучните извори на приход за трговците на мало.

    Индексот на деловната клима во услужниот сектор исто така се стабилизира по силниот пад во ноември, покажа извештајот, и покрај тоа што компаниите како што се туристичките агенции ги чувствуваат најлошите ефекти од кризата.

    Германија воведе нова рунда строги здравствени мерки во средината на месецот со цел да се спречи повторниот скок на бројот на новоинфицирани со коронавирус, потсетува ДПА.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично