ПОВЕЌЕ

    НЕИНВЕСТИРАНИТЕ ПАРИ СЕ ИЗГУБЕНИ СРЕДСТВА – неинвестирањето е најголем ризик, Иван Ивановски во New Biz

    Време зa читање: 6 минути

    Финансиската писменост претставува комбинација на свесност, знаење, вештини, став и однесување, неопходни за донесување здрави финансиски одлуки и постигнување лична финансиска стабилност и благосостојба.

    Во шестата епизода на поткастот New Biz на Наташа Велковска е Иван Ивановски, претприемач и инвестициски консултант, кој разговорот го започна за финансиската писменост во Македонија, велејки дека е на многу ниско ниво и тоа е поле на кое треба да се работи.

    Финансиската писменост кај помладите не е баш најдобра и тоа го забележувам по самите луѓе како реагираат и како коментираат на работи. Како ги трошат средствата, за што ги трошат и слично. Мислам дека тука има многу простор за работа, па затоа и почнав дури и на каналот на Инстаграм профилот да ги споделувам сите тие работи, бидејќи многу на почетокот беа изненадени за тоа како јас пристапувам кон финансиите, кон инвестирање, а сепак нели не потекнувам од сфера економија или финансии“, објаснува Ивановски.

    Тој вели дека најчестите размислувања на луѓето по коишто гледа дека ни недостасува едукација е сфаќањето дека за да почнат со инвестирање треба да имаат многу пари и тоа го забележувал скоро кај сите.

    „А вистината е сосема обратна, во суштина сѐ е дисциплина. Не е битен износот со којшто ќе почнеш, битно е да се започне од некаде и да се има дисциплина. Дали некој ќе има 500 евра плата и 50 евра ќе става секој месец за инвестирање е потполно исто како некој да има 5.000 евра плата и да става 500 евра. Најбитно е да се научи, а потоа како ќе се добива поголема плата, така ќе се инвестира само поголем процент. Има интересни правила што ги споледувам на студентите, на пример има едно правило „Доколку купиш нешто, истиот износ треба да го инвестираш“. Значи на пример ако сакаш да си купиш ајфон 16, кој чини 1.000 евра – тогаш и 1.000 евра инвестирај, ако сакаш да си купиш на пример кола од 4.000 евра – треба да инвестираш и 4.000 евра. И овде е битно дали некоја работа можеме да си ја дозволиме, или некогаш правиме лоша проценка. Ако немате за некоја работа да си ја купите два пати, значи не треба да ја имате. Ако не можеш да си доволиш два ајфона да си купиш, тогаш не треба ни еден да имаш“, нагласува Ивановски.

    Но, прашањето е што правиме со ризикот, на поголем дел од граѓаните најбезбедно им е да си ги стават парите во банка, како се учи менаџирањето на ризик?

    Непреземањето на ризик е најголем ризик. Ако ги ставиме парите во банка и каматата што ја добиваме моментално е некаде максимум околу 3 отсто, но инфлацијата е многу поголема од таа камата, со стоењето на парите во банка, без да инвестираме ние сигурно губиме. Ако се вратиме неколку години наназад, може да видиме колку се цените на становите, на автомобилите, на храната и слично, и може да забележиме колкава ни е инфлацијата, значи парите неинвестирани ни се изгубени средства, се намалува вредноста, а неинвестирањето е најголем ризик“, истакнува Ивановски.

    Следна работа се изучува е пасивносто инвестирање, тој вели дека тоа е најлесен начин на инвестирање. Пасивното инвестирање е стратегија што подразбира вложување на средства во долгорочни инвестиции со минимално управување.

    „Оваа стратегија најчесто се фокусира на индексни фондови или ETF (Exchange Traded Funds), кои следат пазарни индекси и овозможуваат да профитирате од растот на пазарот без активно да тргувате со акции. Во таа ситуација вие ги распределувате средствата во 500-те најдобри компании во Америка. Ризикот е ако пропадне Америка или ако пропадне Microsoft, Google, Nvidia, Tesla – сите компании да пропаднат и тогаш и вие ќе ги изгубите парите“, потенцира Ивановски.

    Во однос на пристапот на инвестирање, тој вели дека зависи од многу фактори како треба да се инвестира и колку треба да се инвестира.

    Ако си помлад, можеш да земеш поголем ризик, ако си фамилијарен и имаш деца автоматски ризикот ќе се импелентира и на останатите од твојата фамилија, не е исто ако си 20 години или 30 или ако си пред пензија – 60 години. Зависи од возраста, зависи од кредитна изложеност, дали имате или немате emergency fund или слично, сето тоа многу влијае и сето тоа се учи. Но, во еден ден вие може да дознаете каква треба да биде вашата стратегија за инвестирање. Некои е во ред да инвестираат во фондови, ама тоа е за луѓе што имаат изградено на пример мнoгу голем капитал и сакаат да ги акумулираат средствата. Доколку сте како мене, јас на 30 години бев all in во Tesla и некои такви акции може да ви направат огромен раст. Значи доколку се помлади, препорачувам да преземаат поголем ризик, како се зголемуваат годините, така ризикот треба да се намалува“, укажува Ивановски.

    Често во реалноста се покажува дека очекувањата ни се повисоки од тоа што следи, но и се менуваат работите на пазарот, па не може да се предвиди сѐ и сешто и тоа може да влијае на вредноста на акциите. Како Ивановски им ја доловува таа разлика помеѓу очекувањата и реалноста на луѓето што се консултираат со него.

    „На Masterclass-от јас ги советувам да не ме копираат мене, бидејќи мојата стратегија е една, и секој треба да си ја препознае својата стратегија и главната поента е да ме гледаат како размислувам и сето тоа да го имплемнетираат кај нив. Не ги советувам истите работи што јас ги правам и тие да ги прават, бидејќи не може да биде исто за секого. Повеќето луѓе што инвестираат имаат очекувања дека веднаш штом почнат да инвестираат дека одма треба да почнат да прават профит. И тоа е погрешен пристап, треба да помине време, треба да се научат многу работи, и треба парите да се остават да почнат да работат за вас. Значи очекувањата некогаш им се пребрзи, но после некое време ќе сфатат и нормално функционираат“, појаснува Ивановски.

     

    Целата епизода и слични на оваа се достапни на  New Biz Podcast

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично