Власта се фали дека ја подобрила наплатата на даноците.
Ако се погледнат бројките, на прв поглед тоа е точно.
Но, наплатата на данокот на личен доход или она што го плаќаат фирмите како придонеси, е пониска од другите.
Зошто? Дали власта напразно се фали? Дали УЈП потфрла или Министерството за финансии направило лоши проекции?
За ова, но и за Е – Фактура, за вечните долгови кон УЈП на фирми и граѓани, за повратот на ДДВ кон фирмите, и за ред други дилеми, одговор дава првиот даночник во државава, Елена Петрова.
Премиерата е денес, четврток, во 12.00 часот на пладне, а потоа кога сакате може да не гледате на нашиот Јутјуб канал кој ќе го најдете ако во пребарување на кирилица напишете пари. Ќе ви се појавиме и тие сме.
Секако, секоја содржина што ја подготвуваме за вас е бесплатна, но затоа многу ни значи ако притиснете „сабскрајб“ и почнете да не следите. Секое добро, и се гледаме премиерно секој четврток или кога и вие да посакате потоа.