ПОВЕЌЕ

    НБ:Јавниот долг лани пораснал за 10п.п. надминувајќи ја границата од 60% од БДП

    Време зa читање: 2 минути

    Оваа криза се разликува по тоа што беше обезбедена фискална поддршка од невидени размери, a кога се обезбедува толку голем фискален импулс расте јавниот долг кој треба да се финансира.Во ЈИЕ јавниот долг изминатат година порасна од 10 до 15 проценти поени од БДП во регионот кај нас во услови на експанзивна фискална политика насочена кон поддршка на економијата дефицитот значајно се зголеми минатата година достигнувајќи 8,1% од БДП и следствено имаше позначаен пораст на јавниот долг тој порасна за околу 10 процентни поени од БДП надминувајќи ја границата од 60 проценти , изнесувајќи 62,5%. За јавниот долг вчера информираше гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска.

    -Која ке биде динамиката на јавниот долг на среден период секако ќе зависи со кое темпо ќе се одвива фискалната консолидација, нема дилема дека е неопходна фискална консолидација, за да јавните финансии останат во сигурна зона .Со фискалната стратегија се предвидува постепено финансиска консолидација со намалување на буџетскиот дефицит од 8,1% на над 4%, додека на среден рок постепено намалување на дефицитот под 3%. Според стратегијата на Министерството за финансии планирано е и зголемување на јавниот долг за околу 2,5п.п.од БДП, за понатаму на среден рок намалување на јавниот долг до 60%, истакна гувернерката.

    Фокусот ќе биде на намалување на поголемите расходи, потенцирање на растот, а со тоа и на приходите со што ке има простор за намалување на јавниот долг, велат од централната банка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично