ПОВЕЌЕ

    Навики на македонските потрошувачи:Пијат Скопско и Тиквеш, јадат Милка, се бањаат со Head and Shoulders, пазаруваат во Кам

    Време зa читање: 2 минути

    Во услови кога се соочуваме со една од најголемите светски криза поради Ковидот, македонските потрошувачи денес го одбележуваат 15 Март -Светскиот ден на потрошувачите. На овој ден насоките за заштита на потрошувачите се прифатени од страна на ООН, а кај нас во 1996 се регистрира Организацијата на потрошувачи на Македонија каде што оштетените потрошувачи може да се пожалат.

    Сепак, кризата си го направи своето па и граѓаните значително ги променија своите навики. Рестриктивните и ограничувањата во движења на потрошувачите значајно го промени начинот на функционирање меѓу другото и на пазарење на производи за домаќинството. Дигиталните канали добиваат многу повеќе на значење и е-трговијата доживува сериозна експанзија. Ограничувањата на бројот на лица во маркетите и чекањето за пристап до физичката локација, придонесе потрошувачите да го променат изборот или пак да пазарат во поголем број на маркети.

    Освен тоа значително се изменија и потребите на ѓраѓаните. Потрошувачката на храна и потребата од лекови значително ја раздвижија прехрамбената и фармацевтската индустрија.Значителен пораст во добивката покажаа и двата сектори.

    Во услови на пандемија сепак потрошувачите им останале најверни на евтините маркети. Според податоците на истражувачката агенција Инсајдер ИД македонските потрошувачи најмногу пазаруваат во Кам Маркет. На втората позиција после три години се искачи Стокомак и на трето место е Тинекс.

    Во однос, пак на навиките на потрошувачите во однос на брендовите што ги користат тие се изјасниле за неколку. Истражувањето покажало дека македонскиот потрошувач е предвидлив кога станува збор за користење на производи.

    Категориите кои беа одредени за релевантни за истражување се : Сирење, Сувомеснати производи, Чоколадо, Пиво, Вино, Кафе, Минерална вода, Здрава храна, Сладолед, Чипс, Цигари, Тоалетна хартија/Салфети, Детеренти/Омекнувачи/Прашоци за перење и Шампон за коса.

    Производ Бренд
    МЛЕКО Битолско Млеко
    ЈОГУРТ Битолски Јогурт
    СИРЕЊЕ Кораб Трница
    КАШКАВАЛ Кораб Трница
    ВОДА Пелистерка
    ЧИПС Chipsy
    ЧОКОЛАДA Мilka
    ШАМПОН ЗА КОСА Head and Shoulders
    КАФЕ Гранд
    ЗДРАВА ХРАНА Виталиа
    СЛАДОЛЕД Fricom
    ДЕТЕРГЕНТИ Ariel
    МЕСНИ ПРОИЗВОДИ Златиборац
    ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА Perfex
    ВИНО Тиквеш
    ПИВО Скопско
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично