ПОВЕЌЕ

    Научна конференција МФ-МАНУ:Не трошете на автомобили, мебел, покачете даноци за да се одржи финансиска стабилност

    Време зa читање: 3 минути

    Академиците ги испорачаа решенијата до Владата за одржлива финансиска стабилност во постковид периодот, тема што беше дел од научната конференција што се одржа меѓу Македонската академија на науките и уметностите и Министерството за финансии.

    -Владата да намали со трошење, сега не е време за купување на автомобили, мебел и останати непродуктивни трошење. Покрај намалување на владиното трошење да се размислува и некој од даноците благо да се зголемат за да може државата да ја избегне опасноста од финансиска нестабилност. Во следниот период внимателно треба да се следи јавниот долг кој веќе надмина над 60 отсто, вели академик Таки Фити.

    Тој истакна дека финансиска консолидација може да се направи со кратење на владината потрошувачка особено непродуктивната еве сега како што се згради, мебел, автомобили, репрезентации и т.н или со евентуaлно зголемување на даноците. Јас велам блага прогресија не смее даночното оптоварување во Македонија толку многу да се зголеми мора да се води сметка и за данoчните стапки во нaшето опкружување.
    Министерот за финансии Фатмир Бесими потенцираше дека стратегија за реформа на даноците има но не откри дали и за кој даноци ќе има зголемување.

     

    „Веќе имаме усвоено стратегија од страна на Владата за реформи во даночниот систем за кои се започнати јавни расправи, за правичност и ефикаснот на даночниот систем во прибирање на приходите како и за зголемување на транспарентноста и квалитетот“, изјави Бесими.

    На научната конференција беше констатирано дека економијата заздравува и потребни се економски политики кои ќе го забрзаат заздравувањето, а понатаму и економскиот раст. Преку инклузија на научната заедница во нивното креирање, може да се постигне синергија на добри решенија, кои ќе го забрзаат растот, посочи министерот за финансии Фатмир Бесими.

    – Извесно е дека за нашата економија опоравувањето започна. Тоа, впрочем го нотираше вчера и редовната мисија на ММФ, која посочи дека економијата веќе го започнала процесот на заздравување. Извозот во првото тримесечје забележува раст од 18%, додека увозот раст од 14,1%. Трговската размена во март во однос на лани забележува висок раст од 35,5%, додека извозот раст од 36,7%. Индуструското производство во март за првпат од почетокот на кризата забележува повисок раст, кој изнесува 7,6%, со раст на преработувачката индустрија од 6,2%. Подобрени се и очекувањата на деловните субјекти во април во однос на зголемување на обемот на производство, обезбеденоста на произведеното со нарачки и намалување на постојните залихи. Искористеноста на производствениот капацитет, исто така расте, со 71,7% искористеност во април, што е на ниво од преткризниот период. Кредитирањето во март забележа раст од 5,2% на годишно ниво, со раст и кај домаќинствата и во корпоративниот сектор, додека депозитите имаат раст од 7,4%. Реализацијата на буџетот, исто така, може да даде добар приказ за кондицијата и движењато на економијата. Согласно последните расположиви податоци, односно од почетокот на годината заклучно 18 мај, вкупните приходи се повисоки 13,4% во однос на лани, додека даноците и придонесите се повисоки за 14,3% – вели Бесими.

    Министерството за финансии и МАНУ за првпат организираат заедничка научна конференција. Темата е „Предизвиците на фискалната политика во периодот на пандемијата од Ковид-19 и перспективи во посткризниот период“ и на истата учествуваат над 30 еминентни економисти (академици и професори – меѓу кои и неколку поранешни министри за финансии, актуелен гувернер), како и претставници на Меѓународниот монетарен фонд, Светска банка и Европската комисија. Сите научни трудови од конференцијата ќе бидат објавени во зборник на трудови, кој ќе и биде достапен на јавноста.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично